Прецизнa дијагностика со помош на ВИ
Mirai користи најнови техники на длабоко учење за да ги анализира мамограмите и дополнителните информации за пациентката, нудејќи им на лекарите многу попрецизни проценки за ризикот од развој на болеста. Во клинички испитувања спроведени во болници во САД, Шведска и Тајван, системот покажа извонредни резултати – речиси двојно поголема успешност во предвидување случаи на рак во споредба со постоечките дијагностички системи, објави профилот @thebusinesspalace на Инстаграм.
Најголемата предност на Mirai е неговата способност за персонализирана проценка на ризик, што може да придонесе за порано откривање на ракот на дојка, навремено започнување со терапија и намалување на бројот на непотребни прегледи.
Иднината на превентивната медицина
Тимот на MIT моментално работи на имплементација на овaa алатка во здравствениот систем ширум светот, со цел што побрза примена на ВИ во секојдневната медицинска практика и донесување реални придобивки за пациентите и лекарите.
Mirai претставува уште еден доказ за тоа како вештачката интелигенција може длабоко да ја унапреди превентивната медицина и да стане клучен сојузник во борбата против една од најчестите болести на денешницата.
Извор: web-mind.rs