Вештачка интелигенција на YouTube: Ќе биде ли крајот за традиционалното гледање видеа?

YouTube тестира две нови функции базирани на вештачка интелигенција кои би можеле радикално да го променат начинот на кој пребаруваме, консумираме и комуницираме со содржината на платформата.

ai-3860-fi

Извор: freepik

AI-пребарувањето и конверзацискиот алат „Ask“ овозможуваат побрзи одговори, но истовремено отвораат едно важно прашање:Ако можеме да добиеме сè веднаш, зошто би го гледале целиот видео-клип?
Во обид да им понуди поефикасно и поинтерактивно искуство на корисниците, YouTube претстави две напредни функции засновани на вештачка интелигенција. Првата, наречена AI Search Carousel, нуди визуелен приказ на резултатите од пребарувањето, со видеоснимка, краток текстуалено резиме и дополнителни препораки. Втората, „Ask“ AI, им овозможува на корисниците да поставуваат прашања за содржината што ја гледаат и да добијат конкретни, од AI-генерирани одговори, сè тоа директно во рамки на видео-плеерот.

YouTube AI и посебни услови на користење

Овие функции моментално се достапни за ограничен број корисници во САД, главно за оние со YouTube Premium претплата. Поддржани се само за содржини на англиски јазик, и се применуваат претежно на мобилни уреди.
Сега корисниците можат, на пример, да внесат прашања како:
„Која е песната во ова видео?“ или
„Кои се главните совети од овој туторијал?,  без да го гледаат целиот видеоклип.
AI-алатката потоа испорачува инстант одговори, често побрзо отколку што би ги нашле самите корисници при стандардното гледање. YouTube наведува дека целта на овие функции е да се „олесни навигацијата низ комплексни информации“ и да им се понуди на корисниците „поперсонализирано и поефикасно искуство“. Сепак, се наметнува и логично прашање: Дали ова може да ги загрози креаторите на содржина?
Креаторите се загрижени дека намалувањето на прегледите и вклученоста би можело негативно да влијае врз нивните приходи. Ако корисниците ги добиваат сите потребни информации без да го изгледаат целото видео, се намалува мотивацијата за гледање, а со тоа и потенцијалната заработка на креаторите, пренесува MSN.

Во технолошката индустрија, AI-функциите се веќе доминантен тренд, но кога станува збор за видео-платформи, тие би можеле да предизвикаат сериозна трансформација во динамиката помеѓу публиката, содржината и креаторите.

YouTube засега останува во фаза на тестирање – но сигналот е јасен:

Иднината на платформата сè повеќе е под знакот на интелигенцијата, а сè помалку под знакот на гледањето.

Извор: web

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.