И двете улоги, content creator и инфлуенсер, подразбираат објавување на содржини, имаат следбеници, спонзорства и влијание. Но…
Кој е content creator?
Креаторот на содржина е професионалец што гради вредност преку структурирана, оригинална и често едукативна содржина. Може да е Podcast-ер, YouTube-ер, блогер, графички дизајнер или TikTok-ер кој прави содржина што реално решава некој проблем.
Фокусот му е знаење + креативност.
Неговата работа е истражена, поткрепена со аргументи, спакувана и прилагодена на публиката. Дури и кога зборува за некој производ, не делува како продавач, туку како експерт и советник од доверба.
Кој е инфлуенсер?
Инфлуенсерот е личност што има моќ да влијае на одлуките за купување на другите преку својот имиџ, авторитет, celebrity статус или карактер. Не мора сам да создава нешто, почесто дели мислења, lifestyle содржина, спонзорирани објави или производи што „случајно“ се појавуваат во кадар.
Фокусот му е reach + перцепција.
Сакаш видливост преку некој што има 500.000 следбеници и 1000 реакции за секој аутфит? Тогаш тој е твојот човек.
Но не секогаш големината на публиката значи квалитетна врска со публиката или реализирани бизнис цели.
Содржина vs. Влијание
Креаторите се фокусираат на содржина со вредност едукативна, инспиративна или забавна.
Инфлуенсерите се фокусираат на влијание, трендови, брз reach и тригерирање на импулсивно купување.
Квалитет vs. Квантитет
Да, креаторите често имаат помалку следбеници, но лојална публика со висок engagement, токму затоа имаат доверба од публиката на долг рок.
Инфлуенсерите имаат масовен reach, но често површна врска со следбениците.
Кампањи vs. Соработки
Брендовите ги ангажираат контент креаторите за да добијат evergreen содржина со вредност за своите канали. Со инфлуенсерите пак добиваат експлозија на внимание и краткорочен boost.
Што вели пазарот?
Според 2024 Influencer Marketing Report дури 86% од потрошувачите купиле барем еднаш во 2024 година нешто под влијание на препорака од инфлуенсер.
Но engagement rate кај креаторите на содржина со публика во специфична ниша е често 4x повисок. Брендовите што соработуваат со креатори добиваат повеќе автентични содржини, кои може да се препакуваат во различни формати, пример: блогови, рeels, carousels, newsletter итн. и да се реупотребуваат.
Кого да ангажирате? Сѐ зависи од вашата цел.
Ако сте бренд кој создава долгорочна вредност, сака длабока приказна, стратегија, едукација, доверба – изберете контент креатор.
Ако сакате видливост, buzz, кампања за промоција, имате потреба од брз раст, видливост и “сите да ве дознаат“, ангажирајте инфлуенсери.
Најпаметниот пристап е веројатно комбинација од двете улоги во вашата мрежа на соработки. Ако сте сериозни за вашиот маркетинг, направете микс: контент креатор да гради основа, приказни, вредности, автентичност, а инфлуенсер да носи buzz и да привлекува внимание.