Храброст што се исплати – зошто маркетингот на оваа компанија го освојува светот

Додека повеќето брендови го стегаат каишот и ги кратат буџетите за маркетинг и огласување, американската козметичка компанија E.l.f. Beauty оди во сосема спротивен правец – инвестира повеќе. И тоа се покажа како потег што ја менува играта.

marketing-4282-fi

Извор: Unsplash

Во момент кога глобалната економска клима ги тера многумина на повлекување и „потивка“ комуникација, E.l.f. одлучи да биде погласен од кога било. Нивната најнова кампања, која вешто комбинира дигитална доминација, TikTok креатори и иновативни реклами, стана вирусна и потврди дека храброста во маркетингот носи резултати, пишува The Business of Fashion.

„Value for money“ – но со заедница

Она што го држи брендот конзистентен е препознатливиот концепт „value for money“ – квалитетни производи по пристапни цени. Но она што навистина ги издвојува е начинот на комуникација.

Наместо класични кампањи, тие градат заедница. Потрошувачите стануваат амбасадори на брендот, а секој TikTok, коментар или лајк е дел од една поголема приказна – приказна во која клиентите се главните херои.

Резултатите зборуваат сами

Додека многу конкуренти бележат пад, E.l.f. ја заврши последната фискална година со двоцифрен раст на приходите. Нивниот пристап докажува дека иновативноста, подготвеноста за ризик и вистинското разбирање на публиката можат да бидат посилно оружје од најголемите буџети.

Пораката е јасна

Она што E.l.f. му го испраќа на пазарот е кристално јасно:

Во време на несигурност, не победуваат оние што се повлекуваат, туку оние што имаат храброст да бидат погласни, посмели и поблиски до луѓето – особено до генерацијата Z.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.