Како LinkedIn Live може да го претвори вашиот бизнис во блокбастер

Сè повеќе компании се насочуваат кон дигиталните канали за ангажирање на својата публика, па LinkedIn мудро знае да го искористи моментот. Моќната алатка, LinkedIn Live е одлична опција за професионалците кои сакаат да го зајакнат присуството на својот бренд и да изградат значајни врски. Регионот, како и секогаш е последен кога станува збор за трендовите, па ретко кој го користи.

kako linkedin live mozhe da go pretvori vashiot biznis vo blokbaster

Извор: Freepik / user25996429

Во овој сеопфатен водич ќе ги истражиме сите аспекти на LinkedIn Live, од техничка поставка до изведување на настани, и детално ќе ги разгледаме придобивките што им  ги нуди на компаниите. На крајот, ќе имате јасна слика како да го искористите LinkedIn Live за унапредување на вашиот бизнис.

Вовед во LinkedIn Live

 LinkedIn Live е функција за пренос во живо која им овозможува на корисниците да емитуваат видео содржина во реално време на својата мрежа и пошироко. Оваа функција им овозможува на професионалците и компаниите да организираат виртуелни настани, вебинари, лансирања на производи, интервјуа и многу повеќе, обезбедувајќи динамичен и интерактивен начин за ангажирање на публиката.

Зошто LinkedIn Live е значаен за бизнисот

LinkedIn Live нуди неколку уникатни предности за компаниите:

  • Зголемена видливост: Преносите во живо имаат приоритет во LinkedIn feed-от, зголемувајќи ги шансите вашата содржина да стигне до поширока публика. LinkedIn следи кој присуствува на настанот и ги поканува преку нотификации  да се приклучат. Додека стримувате, вашата cover слика (без разлика дали е вашиот личен или корпоративен профил) се претвора во видео кое го стримувате. Кул зар не?
  • Интеракција во реално време: Видео во живо овозможува моментална интеракција преку коментари, реакции и споделувања, создавајќи поангажирано искуство. Но, како и кога станува збор за објави, LinkedIn е бавна платформа која ви дава подолга видливост во feed-от, па бројот на прегледи на стримот може значително да се зголеми и по завршувањето на стримот.
  • Автентичност: Видео содржината во живо се перципира како поавтентична и транспарентна, градејќи доверба со вашата публика. Преку содржина ја потврдувате експертизата, создавате авторитет и ја подигате вашата репутација, особено ако имате покрај вас луѓе кои веќе се авторитет во индустријата. Ова е особено важно за оние кои само што започнуваат, бидејќи им дава можност да изгледаат поголеми од што се.
  • Генерирање потенцијални клиенти: Ангажирана содржина во живо може да привлече нови потенцијални клиенти и да негува постоечки преку интерактивни сесии и Q&A сегменти. Ќе создадете луѓе кои редовно гледаат и се ангажираат во коментарите, но ќе имате и оние кои гледаат сè, но никогаш не коментираат. Тие можат да бидат ваши колеги кои никогаш нема да купат, но ќе ве препорачаат, или можат да бидат токму оние кои не само што се ваши идеални клиенти во моментот, туку и оние кои се вашиот следен чекор. Со други зборови, LinkedIn Live може да биде вашата шанса да го подигнете бизнисот на следното ниво.

Според најновите статистики, LinkedIn Live преносите бележат импресивен раст. На пример, бројот на прегледи на LinkedIn Live стримовите пораснал за 437% на годишно ниво, а стримовите во живо привлекуваат 7 пати повеќе реакции и дури 24 пати повеќе коментари од стандардните видео записи. Овие бројки од над 15 извори (слободно и вие гуглајте ако не ми верувате) јасно покажуваат колку е моќен алат за ангажирање на публиката.

Исто така, комбинацијата на настани и активности на LinkedIn може значително да ги подобри резултатите. Како што е нагласено во статијата на BIZLife која минатата недела ја напиша мојот колега Дејан Патаки, со стратешки пристап кој вклучува присуство на настани и активности на LinkedIn, можете да го максимизирате вашиот успех. На пример, дефинирањето цели за појавување на настани, подготовка за интеракција со клучни учесници, како и пост-настански активности на LinkedIn, може да доведе до значително зголемување на бизнис капацитетите и градење на репутацијата.

kako linkedin live mozhe da go pretvori vashiot biznis vo blokbaster

Извор: Freepik / pch.vector

Почнете со LinkedIn Live

Право и пристап

Да се разбереме, не се сите веднаш достапни за пристап до LinkedIn Live, но чекорите до таа достапност не се тешко остварливи. Еве ги чекорите како да одредите дали ја имате таа можност:

  1. Барања за профил: Уверете се дека вашиот LinkedIn профил или Страница ги исполнуваат критериумите, како : значајна база на следбеници и добар статус.
  2. Процес на аплицирање: Аплицирајте за пристап до LinkedIn Live преку LinkedIn Live апликацискиот образец. LinkedIn ги прегледува апликациите за да обезбеди квалитетна содржина.

Поставување на LinkedIn Live

Откако ќе бидете одобрени, следете ги овие чекори за поставување на LinkedIn Live:

  1. Изберете алатка за емитување од трета страна: LinkedIn Live бара користење на алат за емитување од трета страна како што се StreamYard, Restream или Socialive. Изберете алатка која одговара на вашите потреби. На пример, Restream. Цената за стримување без watermark, на 3 канали истовремено (може само еден LinkedIn (страница или личен профил) и на пример Facebook и Twitter) е 16 долари месечно, 2 канали со watermark Restream ги добивате бесплатно, па можете да тестирате. Ако веќе користите Zoom, тогаш мора да го поврзете со Restream.
  2. Поврзете го вашиот LinkedIn профил: Поврзете го вашиот LinkedIn профил со алатката за емитување и конфигурирајте ги потребните поставки. Важна информација – гостите можат да се најават на Restream и да го додадат својот LinkedIn профил, така што би стримувале на повеќе LinkedIn профили истовремено!
  3. Тестирајте ја вашата поставка: Направете тест пренос за да осигурите дека сè работи глатко, вклучувајќи го квалитетот на видеото, јасноста на звукот и поврзаноста.

Технички барања

За да обезбедите непрекинат LinkedIn Live пренос, исполнете ги следните технички барања:

  • Брзина на интернет: Стабилна интернет конекција со брзина на upload од најмалку 10 Mbps. Најдобро е да користите кабелска конекција.
  • Камера и микрофон: Квалитетна веб-камера и микрофон за јасно видео и аудио. На пример, две камери на лаптопот (интегрирана и посебна). Секогаш користете надворешен микрофон, а не оној вграден. Важно: не смеете да дозволите „лупирање на звукот“, односно тоа да влезе во истиот простор.
  • Светло: Добро осветлување за да се осигурите дека вашето лице е јасно видливо. Природната светлина е најдобра, но ако ја нема, користете ламби за да обезбедите добро осветлување. Бела позадина зад вас ќе го потенцира ефектот.

Креирање и промоција на вашиот LinkedIn Live настан

Креирање настан

  1. Одете на LinkedIn настани (Events): Одете на почетната страна на LinkedIn и кликнете на “Настани” од левата страна.
  2. Креирајте настан: Кликнете на “Креирај” и пополнете ги деталите за настанот, вклучувајќи го името, датумот, времето и описот. Изберете “LinkedIn Live” како формат на настанот. Имате опција да одберете и LinkedIn Audio (за овој тип на настани не ви треба ништо, може и преку телефон, но не може да се снима).
  3. Прилагодете го вашиот настан: Додадете привлечен банер и лого на настанот за да привлечете учесници. Поканете други говорници и гости, доколку ги имате, да прифатат да бидат говорници. LinkedIn ќе ги извести и нивните конекции дека тие се говорници на настанот.

Поканете учесници и гости

Денес е многу лесно да се најдат гости, дури и легенди во своите професии, и да се доведат на LinkedIn Live или на подкаст. Јас успеав да го доведам Rory Sutherland, легенда на маркетингот и Ogilvy, и многу други. Сите тие епизоди може да се најдат на Funky маркетинг подкастот, на сите платформи, вклучувајќи го и YouTube.

  1. Персонализирани покани: Испратете персонализирани покани на вашите контакти, нагласувајќи ја вредноста и придобивките од присуството на настанот.
  2. Email маркетинг: Искористете ја вашата email листа за да ги поканите subscriber-ите на вашиот LinkedIn Live настан.
  3. Промоција на социјалните мрежи: Споделете го настанот на вашиот LinkedIn feed, страница на компанијата и други социјални мрежи.
  4. Сива зона: Важна информација е дека со само неколку клипови можете да поканите 1000 конекции на вашиот настан. Влезете во делот за покани, внесете ги параметрите и скролајте надолу. Му треба време да се вчита, така што го вчитувате колку што сакате (имајте го предвид ограничувањето од 1000 покани по лице во недела дена), и кога ќе ги означите сите, кликнете на покана. Voila! Поканивте 1000 луѓе со неколку кликови на настанот. Ако навреме почнете со промоција, можете да го повторите тоа по 7 дена. Оној кој ќе кликне да присуствува, неговите конекции ќе го видат тоа и ќе можат и тие да се пријават.

Промовирање на настанот:

  1. Креирајте најавен содржински материјал: Објавете најавни видеа или содржини пред настанот за да го изградите очекувањето. Побарајте од сите говорници да снимат кратки најавни видеа и да ги споделате за настанот. Креирајте бучава.
  2. Користете хаштагови: Искористете релевантни хаштагови за зголемување на видливоста на настанот. Не ги користете напамет, истражете што се пишува под одредените хаштагови и изберете најдобрите. Не ви требаат најчесто користените, туку оние на  што реагираат одредена  група луѓе.
  3. Ангажирајте инфлуенсери: Соработувајте со индустриски инфлуенсери за да го промовирате вашиот настан и да ја достигнете поголемата публика.

Изведување на успешен LinkedIn Live пренос

Подготовка пред преносот

  1. Припремете содржина: Подгответе детален план или сценарио за вашиот пренос за да осигурате мирен тек на дејството. Подгответе ги гостите (ако ги имате).
  2. Тестирајте опремата: Проверете ја вашата опрема, интернет конекцијата и подесете ги алатките за емитување. Ако имате најавна шпица, додадете ја во Restream итн.
  3. Известете ги учесниците: Испратете потсетник на учесниците со детали за настанот и линк за придружување.

Во текот на преносот

  1. Ангазжирајте се веднаш : Почнете да комуницирате со вашата публика веднаш што преносот започне. Прашајте ги од каде се јавуваат, дали ве слушаат/гледаат, тагувајте ги гостите за да ги видат нивните конекции и профили.
  2. Интерактивни елементи: Вклучете Q&A сесии, анкети и поздрави за да го задржите вниманието на вашата публика. Сè ова може да го правите преку Restream. Ако сакате луѓето да кликнат на одреден линк и имате повик на акција, подгответе QR код и го прикажувајте по потреба, за да можат луѓето да скенираат и да отидат на линкот.
  3. Бидете автентични: Бидете спонтани  и одржувајте пријатен и разговорен тон.

Дејства по преносот

  1. Пратете ги учесниците: Испратете благодарници до учесниците и споделете ја  снимката од настанот. Поканете ги гостите да се вклучат во коментарите и ја споделат снимката.
  2. Анализирајте ги перформансите: Прегледајте ги анализите што ги нуди LinkedIn и вашиот алат за емитување за да го оцените ангажманот и перформансите. Restream не нуди статистика за LinkedIn, па треба да ги следите на платформата колку луѓе  го гледаат вашиот лајв на LinkedIn.
  3. Повторно искористете ја  содржината: Искористете ги снимените видеа за идна содржина, како блог постови, исечоци за социјалните мрежи и е-маил новости.

Најдобри практики за LinkedIn Live

Идеи за содржина

  1. Вебинари: Организирајте образовни сесии за релевантни теми од вашата индустрија.
  2. Интервјуа: Водете интервјуа со индустриски експерти и лидера
  3. Демонстрации на производи: Презентирајте нови производи или услуги преку живи демонстрации.
  4. Веб самити: Организирајте онлајн конференции. Имајте на ум дека морате да правите паузи. LinkedIn Live автоматски се прекинува по 3 часа на преносот.

Ангажирање на публиката

  1. Интерактивно Q&A: Поттикнете ги  гледачите да поставуваат прашања и да одговарате во реално време.
  2. Анкети во живо: Искористете анкети за да соберете мислења и критика од публиката.
  3. Ексклузивен содржини: Овозможете ексклузивни содржини или најави на живо на гледачите

Користење на анализи

  1. Податоци за гледачите: Анализирајте ги податоците за гледачите за да ги видите демографските карактеристики и облиците на ангажманот на публиката.
  2. Ангажман: Пратете ги коментарите, реакциите и споделувањата за да ја процените заинтересираноста на публиката, како и кои луѓе се ангажираат.
  3. Собирање на повратни информации: Соберете повратни информации од гледачите за да ги подобрите идните преноси.

LinkedIn live vs. LinkedIn случувања vs офлајн случувања.

Да ги споредиме предностите и недостатоците на LinkedIn Live, LinkedIn случувања и офлајн случувања:

LinkedIn Live

  • Предности: Реално време на интеракција, економично, флексибилно.
  • Недостатоци: Бара техничка поставка, потенцијални технички проблеми.

LinkedIn настани

  • Предности: Лесно за создавање, интегрирање со LinkedIn мрежата, може да вклучува LinkedIn Live. LinkedIn Audio е најлесната опција.
  • Недостатоци: Ограничено на LinkedIn платформата, помалку интерактивно од видеа во живо.

Офлајн настани

  • Предности: Лична интеракција, можност за мрежење, конкретно искуство.
  • Недостатоци: Поголеми трошоци, логистички предизвици, ограничено обување

Компании кои користат LinkedIn Live

Да споменеме неколку компании кои одлично го користат LinkedIn Live. Глобално се многу, додека во регионот се бројат на прсти.

  1. Adobe: Adobe го користи LinkedIn Live за лансирање на производи и туторијали, достигнувајќи широка професионална публика и прикажувајќи ја својата експертиза.
  2. HubSpot: HubSpot редовно организира LinkedIn Live сесии со индустриски експерти, стимулирајќи ангажман и генерирајќи потенцијални клиенти.
  3. Microsoft: Microsoft го користи LinkedIn Live за вебинари и содржина за водечки мисли, засилувајќи го својот авторитет како бренд.

Моето искуство со LinkedIn Live

Како LinkedIn eксперт, го имам користено LinkedIn Live за да ја ангажирам публиката. Следните неколку примери ќе ви покажат неколку различни LikedIn Live сесии

Меѓународен LinkedIn Мастерклас (на англиски)

  • Времетраење: 1:31:00
  • Прегледи: 331
  • Клучни моменти: Овој мастерклас ги обедини експертите од целиот свет за да разговараат за најновите трендови и стратегии на LinkedIn. Сесијата беше многу интерактивна, со учесници кои учествуваа во Q&A сесии и анкети во живо. Имаше тројца говорници.

Мастерклас на LinkedIn (на српски јазик)

  • Траење: 2:00:17
  • Прегледи: 909
  • Клучни моменти: Овој мастерклас одржан на српски јазик беше фокусиран на локализација на LinkedIn стратегии за српскиот пазар. Сесијата беше високо ангажирана, што  резултира на  барање на  содржини специфични за регионот. Имаше тројца говорници.

Панел Дискусии

  • Траење: Различито (од 54 минути до 1 час )
  • Прегледа: Од 200 до 600
  • Клучни моменти: Организирањето на панел дискусии со индустриски експерти овозможи мултиперспективна анализа на тековните трендови и предизвиците во професионалниот свет. Овие сесии не само што ги ангажираа моите постоечки контакти, туку и привлекоа нови гледачи.

Во прилог слика со приказ на статистика

Овие примери ја илустрираат разновидноста и ефикасноста на LinkedIn Live во поттикнувањето на ангажманот и обезбедувањето на вредност за публиката. Со интеграција на приказни и реални примери, компаниите можат да креираат убедливи LinkedIn Live сесии кои одзвучуваат кај нивната публика и поттикнуваат значителни интеракции.

Моментално подготвувам стратегија за компанија со приход од 1.562 милијарди USD (2023), фокусирана на influencer маркетинг, која ќе се реализира преку мојот LinkedIn профил и LinkedIn Live.

Како стигнав до нив? Не стигнав до нив. Тие стигнаа до мене преку inbound пристап. Ме препознаа како стручњак за предметот и авторитет во светот на B2B маркетингот.

Тоа не се случува само во филмови. Можно е.

Ве потсетувам на она што го спомнавме на почетокот на оваа колумна, намената на LinkedIn Live, како и самиот LinkedIn, во претходните изданија на оваа BrandIng колумна. Небото е граница!

Заклучок

 LinkedIn Live е моќен алат за компании кои сакаат да го подобрат своето дигитално присуство и да ангажираат својата аудиенција во реално време. Со разбирање на техничката подесувања, креирањето на настани, стратегиите за промоција и најдобрите практики, можете да искористите LinkedIn Live за постигнување на вашите бизнис цели. Без разлика дали организирате вебинари, демонстрации на производи или интервјуа, LinkedIn Live нуди динамична и интерактивна платформа за поврзување со вашата аудиенција и постигнување значаен ангажман.

Започнете да го истражувате потенцијалот на LinkedIn Live уште денес и набљудувајте како вашето бизнис напредува во дигиталната ера.

И, како и секогаш, keep it funky! Чувајте се од високите температури.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.