Нова кампања на LG која шири оптимизам на социјалните мрежи

Плејлистата на компанијата LG на социјалните мрежи под назив „Оптимизирај го својот фид“ за само три недели собра неверојатни 1,2 милијарди прегледи.

lg-1646-fi

Извор: LG

Компанијата LG Electronics (LG) покрена глобален предизвик на социјалните мрежи, во кој ги поттикнува корисниците ширум светот да креираат и споделуваат моменти на секојдневен оптимизам на своите профили, со цел зајакнување на позитивното влијание на нивниот основен слоган Life’s Good. Предизвикот ги поттикнува учесниците со своите објави на социјалните  мрежи да создаваат попозитивна атмосфера.

Предизвикот се шири на ТикТок и Инстаграм, а учесниците создаваат и објавуваат попозитивна содржина на своите фидови како оптимистички моменти, позитивни пораки  и селфиња на кои, како K-pop музичките ѕвезди, со палецот и показалецот на едната рака формираат срце, а ги користат и #Lifesgood и #Optimismyourfeed.

„LG е посветен на исполнување на своето ветување Life’s Good – Животот е убав. Овој предизвик на социјалните мрежи има за цел да открие и сподели што слоганот Life’s Good значи за нашите корисници,“ изјави Хјуен Ким, потпретседателка и шефица на LG Дивизијата за управување со брендот. „Веруваме во моќта на оптимистичкиот став кон животот, а нашиот предизвик „Оптимизирај го својот фид на социјалните мрежи“ е посветен на инспирирање на повеќе позитивни активности како во виртуелниот, така и во реалниот свет.“

Предизвикот на социјалните мрежи е дел од LG кампањата „Оптимизирај го својот фид“ и го следи минатомесечното лансирање на истоимената LG плејлиста – колекција од оригинална содржина која, кога се реагира на неа, привлекува повеќе оптимистичка содржина на вашиот фид. Создадена во соработка со глобални инфлуенсери познати по својот позитивен став, плејлистата им овозможува на корисниците да доживеат повеќе инспиративни и ведри објави. Само три недели по објавувањето на ТикТок, Јутјуб и другите социјални мрежи, плејлистата привлече повеќе од 1.2 милијарди прегледи. Ова одекна меѓу корисниците ширум светот и предизвика нивни коментари во кои ја истакнаа желбата да се придружат и позитивно да влијаат на своите алгоритми.

Предизвикот ги инспирира корисниците ширум светот да се придружат на инфлуенсерите како што се Тина Чои, Викторија Браун, Џош Хармон, Team1llusion, Лена Вивас и Самјул Вајденхофер и заедно со нив да шират оптимизам на фидовите на социјалните мрежи. Само четири дена по лансирањето, околу 21.000 корисници веќе се придружија на движењето за да ги споделат своите оптимистички моменти.

LG во меѓувреме исто така започна офлајн кампања наречена „Оптимизирај го својот ден“, која ќе трае до почетокот на јули. Продолжувајќи ја минатогодишната практика, камион украсен со слоганот на компанијата Life’s Good ќе посети 11 деловни локации во Јужна Кореја. Камионот има голем LED екран на кој се прикажуваат видео записи од кампањата Life’s Good и слогани на позитивноста што ги споделиле вработените во LG ширум светот. LG верува во ширење на пораката за оптимизам како меѓу вработените, така и ширум светот.

„Сите ние сме амбасадори на брендот LG“, изјави извршниот директор на компанијата Вилијам Чо. „Ако секој од нас почне да внесува ведрина во својата околина чекор по чекор, верувам дека LG еден ден ќе стане компанија која навистина зрачи позитивност, придонесувајќи кон создавање подобри животи и подобар свет“, рече тој.

Повеќе детали за кампањата Life’s Good можете да најдете на страницата на кампањата www.lg.com/lifesgood.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.