Недостигот на стручен кадар во рударството ја засилува потребата од соработка меѓу образованието и индустријата

Недостигот на стручен кадар сè почесто се наметнува како едно од клучните прашања за идниот развој на индустријата, особено во секторите каде што практичното знаење, техничките вештини и директното искуство се незаменлив дел од професионалната подготовка.

kadar-5842-fi

Извор: Рудник за бакар Бучим

Според податоците на European Training Foundation, младинската невработеност во Македонија во 2024 година изнесувала 29%, додека 22,6% од младите биле надвор од образование, вработување или обука. Овие бројки дополнително ја нагласуваат потребата од посилна, посистемска и долгорочна врска меѓу образовните институции и реалниот сектор.

 Токму затоа, Бучим ја гради својата позиција на стратешки партнер на образовните институции, преку активности што на студентите и учениците им овозможуваат директен контакт со индустријата, практично разбирање на работните процеси и појасна претстава за професионалните можности во рударството.

kadar-5842-ps1

 Како дел од овапартнерство, во рудникот Бучим беше реализирана теренска посета за 13 студенти од прва и втора година од насоките геологија и рударско инженерство при Факултетот за природни и технички науки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

 Во текот на посетата, студентите имаа можност одблиску да се запознаат со организацијата на работните процеси, функционирањето на рударските операции и секојдневната динамика на работењето во еден рударски комплекс. Директниот контакт со работната средина им овозможи подобро да ја разберат практичната примена на знаењата што ги стекнуваат во текот на студиите, како и предизвиците и одговорностите што ги носи инженерската професија.

 „За Бучим, соработката со образовните институции е стратешка инвестиција во иднината на индустријата. На младите им е потребно повеќе од теоретско знаење, потребен им е реален контакт со професијата, со работните процеси и со стандардите што ги бара современото рударство. Токму затоа нашата цел е да бидеме активен партнер на факултетите и средните стручни училишта во создавањето кадар кој ќе биде подготвен за реалните предизвици на индустријата“, велат од Бучим.

 Паралелно со соработката со високообразовните институции, комапнијата продолжува да вложува и во практичната едукација на учениците вклучени во програмата за дуално образование. Во истиот период, 38 ученици од СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш, кои се дел од програмата за дуално образование во Бучим, реализираа стручна посета на рудникот САСА.

kadar-5842-ps2

 Целта на оваа посета беше учениците да се запознаат со различни работни практики, технолошки решенија и организациски процеси што се применуваат во современото рударство. Преку вакви искуства, практичната настава се надградува со поширок увид во индустријата и со можност младите да ја разберат професијата низ реални примери, теренска работа и директна размена на знаења.

 Ваквите активности се дел од стратегијата на Бучим за поврзување на образованието со реалниот сектор. Наместо недостигот на стручен кадар да се третира само како тековен предизвик на индустријата, компанијата го насочува фокусот кон рана едукација, практично учење и континуирана соработка со институциите што ги подготвуваат идните инженери, техничари и стручни лица.

 Со ова, рудникот ја потврдува својата улога на македонскиот пазар не само како индустриски капацитет, туку и како партнер во создавањето генерации кои ќе имаат знаење, практично искуство и професионална подготвеност да одговорат на современите индустриски предизвици.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.