Да имате неколку проверени рецепти за појадок, ручек или вечера што се спремаат брзо е клучно за и во најнапорните денови на трпезата да изнесете квалитетен оброк. Ви носиме три рецепти кои комбинираат удобност, полн вкус и минимален напор совршени за зима и за зафатени денови.
Брзи зимски рецепти што ќе ги обожавате
Грилувани сендвичи со спанаќ и артичоки
Класичниот намаз од спанаќ и артичоки добива ново „руво“ во форма на неодоливо растеглив грилован сендвич со сирење. Овој сендвич се подготвува за само неколку минути, а идеален е со чинија топла доматна чорба, чипс или свежо овошје – за вкусен оброк за целото семејство.
Состојки:
- 150 г замрзнат спанаќ, одмрзнат и добро исцеден
- 110 г сирење фонтина (може и гауда), рендано
- 110 г крем сирење, омекнато
- 20 г рендан пармезан
- 60 г артичоки од конзерва, исцедени и ситно исечкани
- 1 лажичка лук во прав
- 1 лажичка сув италијански зачин
- прстофат сол
- 90 г мајонез
- 8 парчиња бел леб или италијански леб (околу 2 см дебелина)
Подготовка на филот:
Спанаќот добро исцедете го и ставете го во поголема чинија. Додадете фонтина, крем сирење, пармезан, артичоки, лук во прав, италијански зачин, сол и половина од мајонезот. Сè добро измешајте.
Склопување на сендвичот:
Со преостанатиот мајонез премачкајте по една страна од секое парче леб. На четири парчиња распоредете фил од спанаќ, па поклопете со останатите парчиња така што мајонезот да биде однадвор.
Печење:
Загрејте голема тава на средна температура. Печете ги сендвичите по 2–3 минути од секоја страна, додека не поруменат и сирењето не се стопи. По потреба, прилагодете ја јачината на огнот.
Зимска салата од печена тиква
Оваа салата е вистински доказ дека зимските јадења не мора да бидат тешки. Крцкав кељ, топла печена тиква, солена фета и крцкави ф’стаци прават совршено балансиран оброк што се подготвува во три потези.
Состојки:
- 1 жолудеста тиква (acorn squash), преполовена и исчистена
- 60 мл маслиново масло
- 1 лажичка цимет
- ½ лажичка мелен ким
- 10 мл јаворов сируп
- 1½ лажички сол
- 45 мл јаболков оцет
- 15 г дијон сенф
- 1 помала лутичка (козји кромид), ситно сечкана
- 1 врзоп црн кељ, исечкан (околу 200 г)
- 60 г ф’стаци
- 60 г зрна калинка
- фета сирење по желба
Печење на тиквата:
Тиквата исечете ја на парчиња дебели околу 1 см, па на помали коцки. Измешајте со малку маслиново масло, цимет, ким, сируп и сол. Печете на 220°C околу 15–20 минути.
Дресинг:
Во голема чинија изматете оцет, сенф, лутичка, преостанато масло и сол. Додадете кељ и со раце лесно „измасирајте“ го за да омекне.
Сервирање:
Посипете ја салатата со ф’стаци, калинка и фета. Пријатно!
Тофу во сусамова коричка
Крцкав однадвор, мек одвнатре – овој тофу ги освојува и оние што инаку не го сакаат. Со ароматичен, благо лут сос, станува вистински зимски comfort food.
Состојки:
- 400 г цврст тофу
- 80 г сусам
- 40 г густин
- ¾ лажичка сол
- прстофат кинеска мешавина од 5 зачини
- бел или црн бибер
- 15 г свеж коријандер
- 2 млади кромидчиња
- 2 чешниња лук
- чили снегулки по вкус
- 60 мл неутрално масло
- 30 мл соја сос
- 1 лажичка шеќер
- ½ лажичка оризов оцет
Подготовка на тофуто:
Тофуто исечете го на парчиња и увалкајте го во мешавина од сусам, густин и зачини.
Пржење:
Пржете на средна температура додека не стане златно-кафеав и крцкав.
Сос:
Прелијте го врелото масло преку лукот и чилито, па додадете соја сос, шеќер и оцет. Послужете со тофуто.
Овие брзи зимски рецепти докажуваат дека за добар оброк понекогаш ви требаат само малку организација, неколку квалитетни состојки и три едноставни чекори.
Извор: easylife.rs