Тајната состојка е љубов: како да го вратиме домашното готвење во брзиот модерен живот

Сите знаеме барем една баба која „од око“ готви подобро отколку што ние успеваме со прецизни рецепти. Немала паметен миксер, ни паметна рерна, но некако секогаш знаела кога чорбата е „точно“ готова, кога запршката е „таман“ и кога е време сите да се повикаат на маса.

tajna-4881-fi

Извор: Webmind редакција

Ако малку се навратиме наназад, ќе сфатиме дека тие оброци не ни останале во сеќавање само по вкусот, туку по чувството. Домашното готвење беше јазик на љубов: „Јадеш ли доволно?“, „Да ти ставам уште малку?“, „Ова го направив баш за тебе.“

Денес, нашето секојдневие изгледа сосема поинаку. Работа до доцна, сообраќај, обврски со децата, фитнес, ментално здравје… и некаде помеѓу сите тие „To do“ ставки, треба да најдеме време и за домашно зготвен ручек. Па сепак, трендовите покажуваат дека светот полека се враќа кон шпоретот: истражувања во Европа и САД забележуваат зголемување на домашното готвење и по пандемијата, дел поради економијата, дел поради здравјето и потребата за повеќе време со семејството.

Во исто време, движења како „slow food“, потсетуваат дека седнувањето на маса, со вистинска, топла храна, не е луксуз, туку основна човечка потреба.

Прашањето е: како една модерна жена (или маж) со полн календар обврски да ја врати бабината топлина во денешната кујна  без да прегори од умор?

Кога љубовта се мери во лажици, не во лајкови

Современите истражувања потврдуваат нешто што нашите баби одамна го знаеја: домашно приготвените оброци не се „само“ храна. Тие се поврзани со подобра исхрана, помал внес на преработена храна, повеќе зеленчук и овошје, особено кај децата.

Редовните семејни оброци се поврзуваат со:

  • подобро физичко здравје,
  • помал ризик од дебелина,
  • подобра емоционална стабилност и пониско ниво на стрес,
  • посилни релации меѓу родителите и децата.

Или со други зборови: она „ајде сите на маса“ што го слушавме како деца, било и повеќе од повик, било темел на тоа кои сме денес.

Модерна жена, старомодни вредности

Денес, една жена може да води тим, да менаџира проекти, да патува на состаноци  и сепак да сака да има барем неколку вистински, домашни оброци неделно. Не затоа што „мора“, туку затоа што знае колку значи тоа за неа, за партнерот, за децата.

Трендовите во светот покажуваат дека многу млади луѓе свесно се враќаат кон старите семејни рецепти, но со мали модерни адаптации: помалку масно, повеќе зеленчук, повеќе фокус на квалитетни состојки. Токму тука се случува најубавото спојување: традиционални вредности + модерен живот + малку практичност.

Тајните трикови на модерното време

Наместо да чувствуваме вина дека не готвиме како нашите баби, можеме да научиме да готвиме „во нивен дух“, но според нашиот ритам.

Неколку реални, изводливи трикови:

Планирај, но не претерувај.

Доволно е да планираш 2–3 домашни готвени оброци во неделата. Една чорба, една манџа, една „one-pot“ вечера.

Гответе повеќе – јадете двапати.

Големо тенџере грав, гулаш или зеленчукова чорба значи ручек денес и вечера утре. Тука влегуваат и практичните помошници: една коцка MAGGI бујон во тенџере со свеж зеленчук и месо го забрзува процесот, но го чува „домашниот“ вкус.

Зачинот како потпис, не како маска.

Зачин MAGGI може да биде онаа мала нота која го заокружува вкусот, како бабината прстофат сол и црвен пипер. Идејата е да се истакнат состојките што веќе внимателно си ги избрала.

Ритуал, не „task“.

Наместо да гледаме на готвењето како на уште една обврска, можеме да го претвориме во мал ритуал: музика во позадина, свеќа на маса, чиста маса без лаптоп и телефони. Тоа е подарено време и за нас и нашето семејтво.

Тајната состојка што не се купува

На крајот, без разлика дали готвиш сложено јадење по рецепт од тетратката на баба или брза вечера по долг ден, една работа останува иста:
храната секогаш го носи потписот на оној што ја подготвил. Нашите баби тоа го нарекуваа љубов.

Можеби денес готвиме со помалку време, со календари полни состаноци, но суштината останува иста. Кога ќе ги повикаме сите на маса, кога ќе ја поделиме чорбата, кога ќе се насмееме над тенџерето, тогаш ја враќаме таа стара тајна состојка во нашиот модерен живот. А тајната состојка, како и секогаш, не е во рецептот.
Во нас е.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.