Рецепти за комплетен и хранлив појадок кој нема да ви одземе многу време

Хранливиот појадок е најважниот оброк во денот, бидејќи го одредува тонот и нивото на енергија за часовите што следуваат. Сепак, токму наутро најчесто имаме најмалку време за подготовка. Можеби тостерот ви е најбрзото решение, или патем купувате пециво, затоа што не сакате да станувате порано за да подготвите нешто посложено.

recepti-5431-fi

Извор: Lummi

Токму затоа, тука се едноставните и вкусни рецепти за хранлив појадок што го заслужувате, без да вложувате многу време и енергија. Пронајдете инспирација за појадок што секое утро може да биде поинаков и да ви го олесни планирањето на оброците за целата недела.

Варијанти за хранлив појадок кој се подготвува брзо и лесно

Чиа пудинг од банана

recepti-5431-ps1

Извор: Eating Bird Food

Ако наутро сакате нешто брзо, што ве држи сити, овој чиа пудинг од банана, кој можете да го подготвите однапред, е совршен за вас. Чиа семето е одлично за варење и подолго ве држи сити, а бананата додава совршена природна слаткост.

Ѓевреци со грчки јогурт

recepti-5431-ps2

Извор: The Real Food Dietitians

Ако сакате нешто поздраво од вашиот вообичаен ѓеврек од продавница, испробајте ја оваа домашна верзија. Иако може да звучи како предизвик, всушност е прилично лесно да се направат. Овој рецепт користи грчки јогурт, кој додава дополнителни протеини, плус само неколку други состојки кои веројатно ги имате во оставата. Прилагодете го со вашите омилени додатоци или држете се до основата.

Хранлив појадок со колбаси, сирење и зеленчук

recepti-5431-ps3

Извор: Skinnytaste

Ставете ги овие состојки во рерна во недела за подготовка на појадок кој ќе ви трае цела недела. Овој рецепт е полн со протеини од јајца, колбаси и сирење и лесно се дополнува со кој било зеленчук што го сакате.

Здрави овесни плочки инспирирани од carrot cake

recepti-5431-ps4

Извор: Eat Yourself Skinny

Ако претпочитате посладок почеток на денот, испробајте ги овие овесни плочки за вкусен и хранлив појадок. Инспирирани од колач од морков, полни се со топли зачини и рендан морков, прелиени со глазура од крем сирење и јаворов сируп. Толку се добри што ќе заборавите дека се и здрави!

Бурито за брз хранлив појадок

recepti-5431-ps5

Извор: The Real Food Dietitians

Наполнете тортиљи со јајца, колбас, зеленчук и замрзнати компирчиња пред да ги завиткате и да ги ставите во замрзнувач. Загрејте ги во рерна, фритеза на жежок воздух или во микробранова печка за брз оброк за носење, кога сте во брзање.

Со малку планирање, утрата не мора да бидат хаотични ниту еднолични. Напротив,  можат да станат најубавиот дел од денот, со појадок кој навистина ве радува.

Извор: easylife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.