Улогата меѓу мајка и амбициозна кариеристка не е нимаку лесна, а денес мајките навистина сакаат сè: да бидат успешни на работа, присутни дома, смирени, нежни, продуктивни… и некако, меѓу сите улоги, да подготват топол, здрав оброк за семејството.
Но вистината е едноставна: Не мора да биде совршено. Доволно е да биде топло, вкусно и со љубов.
Овие пет брзи, избалансирани оброци се создадени токму за деновите кога времето трча побрзо од нас, а гладта не чека. И секој од нив има еден мал трик што спасува – MAGGI.
1. Брза крем супа за смирување после работа – 12 минути
Идеално за вечери кога си уморна, а на семејството му треба нешто топло
Потребно:
- 1 кесичка MAGGI крем супа (брокула, домат или печурки)
- свежа брокула или карфиол (варен или на пареа)
- 1 лажица павлака или јогурт
- малку црн пипер
Зошто е балансиран оброк?
Супата лесно се вари, топли, хидрира и дава чувство на мир.
Со додавање зеленчук + малку протеин (павлака/јогурт), станува совршена вечерна енергија.
Подготовка:
Сварете ја супата, додадете брокула, павлака и сè е готово за 12 минути.
2. One-pot рижото – 20 минути
За денови кога сите треба да јадат нешто домашно, без пет различни јадења
Потребно:
- ориз
- тиквичка, морков, кромид
- 1 коцка MAGGI зеленчуков бујон
- пармезан
- малку путер
Зошто е балансиран?
Рижотото комбинира:
јаглехидрат + зеленчук + протеин + минерали од бујонот.
Подготовка:
Сè оди во едно тенџере. Пропржи и полека полевај со MAGGI бујонот за да стане кремасто.
За 20 минути, цело семејство е нахрането.
3. AirFryer врап со крцкаво пилешко-15 минути
Кога доаѓаш дома уморна, а децата бараат нешто „вкусно и шарено“
Потребно:
- пилешки гради на ленти
- варен ориз
- тортиљи
- MAGGI AirFryer Cheezy chicken
- малку јогурт и авокадо
Зошто е балансиран?
Има протеин, зеленчук, здрави масти и јаглехидрати, буквално „мини оброк во движење“.
Подготовка:
Сè што треба е да го измешаш пилешкото со MAGGI мешавината, да го ставиш во AirFryer и да сервираш во тортиља.
Децата го обожаваат.
П.С – ако немаш AirFryer секогаш можеш да ја користиш и рерната само наместо 15, печи 30тина минути и додади малку вода и масло за месото да биде посочно.
4. „Паметен ручек“ со нудли – 8 минути
за мајките што жонглираат 10 обврски и требаат оброк за 8 минути, не за 80
Потребно:
- 1 порција MAGGI нудли
- 1 јајце или тофу
- брокула/морков/пченка
- соја сос (по желба)
Зошто е балансиран?
Во една чинија добиваш:
комплексни јаглехидрати + протеин + зеленчук + течности.
И тоа за 8 минути.
Подготовка:
Свари ги нудлите, додади јајце и зеленчук.
Готово. Вкусен мини-азиски оброк.
5. Домашен гулаш за два дена – 30 минути
Бидејќи вистинските херои готват еднаш – и јадат двапати
Потребно:
- 300–400 g телешко или пилешко месо (или леќа за вегетаријанска верзија)
- кромид, морков, пиперка
- компир
- 1 кесичка MAGGI Фикс за гулаш
Зошто е балансиран?
Има железо, протеини, зеленчук, природни шеќери и влакна идеален за обнова после напорен ден.
Подготовка:
Пропржи го зеленчукот, додади месо, MAGGI Fix и вода.
Остави 30 минути да се згусне.
Имате ручек денес + вечера утре. Еден ден комбинирајте со пире од компир, а другиот ден со шпагети.