Политизирањето на брендот како проблем: Како Adidas ќе ја надмине ПР кризата поради Бела Хадид?

Кампањата на Adidas за моделот на патики SL 72 во која учествуваше манекенката Бела Хадид, наиде на многу осуди поради поврзаноста со трагедијата на Олимписките игри во Минхен во 1972 година, кога палестинската група „Црниoт септември“ уби 11 членови на израелскиот олимписки тим. Брендот се извини на моделот и на другите партнери откако ја повлече кампањата. И покрај тоа, тој западна во ПР криза која трае веќе некое време.

bella-hadid-adidas-1843-fi

Извор: PrintscreenAccess Hollywood

Германскиот гигант за спортска облека објави соопштение на Инстаграм во кое вели дека жали што „ги вознемири заедниците ширум светот“. Adidas, исто така, изјави дека направил „ненамерна грешка“ во кампањата.

„Поврзаноста со страшната трагедија што се случи на Олимпијадата во Минхен продолжува поради нашата неодамнешна кампања SL 72. Тоа не нѝ беше намерата. Исто така, им се извинуваме на нашите партнери, Бела Хадид, ASAP Nast, Жил Кунде и други, за секое негативно влијание врз нив и ние ќе ја ревидираме кампањата“, напиша Adidas.

Проверка пред кампањата

„Сепак, сето ова не беше доволно. Бидејќи живееме во време на зголемена чувствителност на потрошувачите, неопходно беше компанијата добро да провери сè пред да започне каква било кампања“, вели директорката на Represent Academy, Јелена Микиќ.

Таткото на Бела е Палестинец, а моделот беше гласна критичарка на израелската окупација на палестинските територии. Таа, наводно, била меѓу оние кои извикувале „од река до море, Палестина ќе биде слободна“ за време на маршот во 2021 година, а во мај беше фотографирана во Кан облечена во црвено-бел фустан од куфија, шал кој стана симбол на солидарност со Палестина.

image-1

„Бела Хадид се става многу отворено на палестинската страна, што е секако нејзино право, но луѓето од компанијата секако можеа да го проверат тоа, бидејќи тоа не е нешто што таа го крие. Од друга страна, зборуваме за модел на патики кој нема апсолутно никаква врска со трагичната Олимпијада во Минхен, освен што моделот првично се појави таа година“, објаснува Микиќ за BIZLife.“

Како што таа посочува, не ѝ се допаѓа тоа што маркетинг кампањите стануваат политички кампањи, но факт е дека живееме во време на зголемена чувствителност на потрошувачите кога навистина сè треба темелно да се провери.

Adidas направи две грешки

Јелена Микиќ вели дека тимот на Adidas имал две грешки во кампањата за моделот на патики SL 72.

Првата е изборот на Бела за модел во несреќен момент, а втората е повлекувањето на Бела од кампањата, што уште повеќе ги налути потрошувачите.

Според Јелена, постои тренд на заземање страна, а брендовите кои се „за секого“ не треба тоа да го прават. Затоа таа го постави прашањето: „Кому Adidas направил услуга со ангажирањето на Бела, а кому со нејзиното повлекување од кампањата?

„Бела претходно го носеше моделот SL 72 и немаше никакви негативни конотации. Можам да претпоставам зошто Adidas ја избра баш неа. Би сакала да видам јасно објаснување зошто Бела е ангажирана, а тоа секако не е поради нејзините политички аспирации, туку поради нејзината популарност. Вака само се случи хаос“, рече таа.

Влијание врз бизнисот

Adidas имаше добар план пред почетокот на Олимписките игри во Париз кога лансираше пет нови бои на патики. И покрај кризата во која се најде поради поврзаноста со немилиот настан во Минхен во 1972 година, Јелена Микиќ вели дека оваа криза ќе се „преброди“ бидејќи Adidas е омилен бренд.

Потсетуваме дека брендот и претходно доживеа слична криза и претрпе големи загуби поради Кање Вест со кој имаше неуспешно партнерство.

Со оглед на досегашното искуство на Adidas и целокупната ситуација, Јелена смета дека Adidas ќе ја надмине кризата.

„Тоа што го направија тогаш беше добро и храбро. Секој бренд, особено оној што го консумираат или чии производи ги носат помладите генерации, мора да се огради од говор на омраза и навреди по која било основа. Сепак, постои огромен проблем на политизација на брендовите, што несомнено води кон поларизација на потрошувачите, а за ова треба да размислуваат сите, не само Adidas“, заклучува Јелена Микиќ.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.