Ферари и во Европа ќе се плаќа со криптовалути

Ферари објави дека го проширува својот систем за плаќање со криптовалути во Европа.

ferari-1846-fi

Извор: Pexels

Италијанскиот производител на луксузни автомобили овозможи плаќања со криптовалути во САД минатата година, а сега планира да го стори истото со другите меѓународни дилери до крајот на 2024.

И покрај општиот тренд во индустријата, каде повеќето компании избегнуваат криптовалути, Ферари ја прифати оваа „иновација“. Одлуката е донесена по барањето на богатите клиенти и успешното воведување на овој платен систем во САД.

Во САД, Ферари соработува со BitPay за обработка на плаќања во криптовалути како што се Bitcoin, Ether и USDC. Овој систем ги штити трговците од флуктуации на цените со моментално конвертирање на дигиталните валути во традиционална валута. Исто така, практичноста е што нема провизии или доплати за клиентите.

Детали за имплементацијата на системот во Европа сé уште не се откриени, но повеќето дилери на Ferrari веќе го усвоија или се во процес на усвојување на новиот систем.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.