Вистината е дека постојат многу работи што бараат минимални инвестиции, а можат да донесат одлична заработка.
Freelancing услуги – одличен начин да започнете бизнис со минимални вложувања.
Dropshipping – модел на продажба каде што продавате производи онлајн без да имате физички инвентар.
Онлајн курсеви – ако имате специфични знаења или вештини, можете да креирате онлајн курсеви или да организирате обуки. Ова вклучува јазици, дизајн, фотографија, готвење, програмирање.
Print-on-Demand – овој модел овозможува креирање и продажба на персонализирани производи како маици, шолји, торби или постери без потреба за складирање.
Совети за исхрана или фитнес – ако поседувате знаење за исхрана, вежбање и здрав животен стил, можете да нудите онлајн совети или програми за вежбање.
Писмени и видео едукации за деца – креирањето на едукативни содржини за деца може да биде профитабилен бизнис, бидејќи родителите сè повеќе бараат квалитетни, интересни и корисни содржини за своите деца.
Управување со социјални мрежи за мали компании – со зголемувањето на важноста на социјалните мрежи за бизнисите, многу мали компании бараат луѓе кои ќе им помогнат да постигнат поголема видливост и ангажман на мрежи како Instagram, Facebook и LinkedIn.
Препродажба на користени производи – продажбата на винтиџ облека, антиквитети, играчки или друга уникатна стока може да биде многу профитабилна, особено со зголемената побарувачка за одржлива мода и со еколошки свесното купување.
Извор: Bizlife.rs