Имало 27 понуди за продажба на сликата наречена AI God и таа првично била проценета на вредност меѓу 120.000 и 180.000 долари, објави аукциската куќа Сотби.
Почетната вредност на делото била проценета меѓу 100.000 и 150.000 фунти.
Математичарот Тјуринг, бил пионер на компјутерските науки и се смета за татко на вештачката интелигенција (ВИ). Оваа историска продажба „ја поместува границата на глобалниот пазар на уметност“, додаваат од аукциската куќа.
Тоа е дело на роботот Ai-Da и ова е „прво уметничко дело на хуманоиден робот продадено на аукција“, објаснуваат од Сотби.
На сликата е Тјуринг, кој студирал на Кралскиот колеџ, Кембриџ. Научникот одиграл клучна улога во победата на сојузниците над нацистичка Германија во Втората светска војна, помагајќи да се дешифрираат шифрите на злогласната машина Енигма во паркот Блечли.
По војната, Тјуринг изработил детален проект за создавање на модерните дигитални компјутери.
Од Сотби изјавија дека по онлајн продажбата сликата ја купил непознат купувач за цена која е „значително над проценетата вредност на уметничкото дело“.
https://x.com/BBCNews/status/1854774369089618258
Продажната цена за првото уметничко дело на роботот-уметник „претставува важен момент во историјата на модерната уметност и покажува точка на спојување на вештачката интелигенција и глобалниот уметнички пазар“.
„Клучната вредност на моето дело е дијалогот со новите технологии,“ изјавила Ai-Da, роботот кој користи напреден јазичен модел за говор.
Делото ги поканува гледачите да размислат за божествената природа на вештачката интелигенција и компјутерските науки додека се разгледуваат етичките и општествените промени.
„Алан Тјуринг го препознал овој потенцијал и нè набљудува додека брзаме кон иднината,“ изјавил роботот.
Ејдан Мелер, креаторот на роботот Ai-Da, објаснува дека „оваа аукција е важен момент за визуелната уметност, бидејќи уметничките дела на роботите ги одразуваат промените во уметноста и општеството.“
„Уметничкото дело AI God поставува прашања за вештачката интелигенција како средство, бидејќи таа добива сè поголема моќ.“
Извор: Bizlife.rs