Кина првпат од 50-тите години ја зголемува старосната граница за пензионирање

Кина „постепено ќе ја зголемува“ старосната граница за пензионирање за првпат од 50-тите години, бидејќи земјата се соочува со стареење на населението и сè помал буџет за пензии.

penzioniranje-2170-fi

Извор: Freepik

Највисокото законодавно тело одобри предлози за зголемување на законската старосна граница за пензионирање од 50 на 55 години за жени кои работат физичка работа, а од 55 на 58 години за жени на административни позиции. 

Мажите ќе одат во пензија на 63 години наместо на 60. 

Тековната старосна граница за пензионирање во Кина е меѓу најниските во светот. 

Според усвоениот план, промената ќе стапи на сила од 1 јануари 2025 година, при што старосната граница за пензионирање ќе се зголемува на секои неколку месеци во текот на следните 15 години, објавија кинеските државни медиуми. 

Пензионирање пред законската старосна граница нема да биде дозволено, пренесе државната новинска агенција Синхуа, а на луѓето ќе им биде дозволено да го одложат пензионирањето за најмногу три години.

Зголемување на границата за пензионирање

Од 2030 година, вработените исто така ќе мора да уплатуваат повеќе придонеси во системот за социјално осигурување за да добиваат пензии. До 2039 година, ќе мора да платат 20 години придонеси за да имаат право на пензија. 

Државната Кинеска академија за општествени науки во 2019 година објави дека главниот државен пензиски фонд на земјата ќе остане без пари до 2035 година, а тоа беше проценка пред пандемијата на Ковид-19. 

Планот за зголемување на старосната граница за пензионирање и прилагодување на пензиската политика се заснова на „севкупната проценка на просечниот животен век, здравствената состојба, структурата на населението, нивото на образование и понудата на работна сила во Кина“, пренесе Синхуа. 

Но, најавата предизвика скептицизам и незадоволство на кинескиот интернет, пишува BBC.

penzioniranje-2170-ps1

Извор: Freepik

Реакции од јавноста 

„Во следните 10 години ќе има уште еден закон кој ќе го одложи пензионирањето до нашата 80-та година“, напиша еден корисник на кинеската социјална мрежа Веибо. 

„Каква мизерна година! Работниците на средна возраст се соочуваат со намалување на платите и зголемување на старосната граница за пензионирање. Тие што се невработени сè потешко наоѓаат работа“, додаде друг. 

Други рекоа дека ја очекувале најавата. 

„Ова беше очекувано, нема што да се дискутира. Мажите во повеќето европски земји одат во пензија на 65 или 67 години, а жените на 60. Тоа ќе биде тренд и во нашата земја“, рече еден корисник на Веибо. 

Огромната популација на Кина се намали втора година по ред во 2023 година, бидејќи стапката на наталитет продолжува да опаѓа. 

Во меѓувреме, нивниот просечен животен век се зголеми на 78,2 години, рекоа властите претходно оваа година. Според Светската здравствена организација, скоро една третина од кинеското население – околу 402 милиони луѓе – ќе биде постара од 60 години до 2040 година, во споредба со 254 милиони во 2019 година.

Демографска криза во развој

Забавената економија, намалените државни бенефиции и децениската политика на едно дете создадоа растечка демографска криза во Кина, напиша дописничката на BBC од Кина, Лаура Бајкер претходно оваа година.   

Кинескиот пензиски фонд е исцрпен, а на земјата ѝ истекува времето да изгради доволно средства за да се грижа за растечкиот број стари лица. 

Во следната деценија, околу 300 милиони луѓе, кои сега имаат меѓу 50 и 60 години, треба да ја напуштат кинеската работна сила. Ова е најголемата возрасна група во земјата, скоро еднаква на големината на населението во САД.

Извор: BIZLife.rs 

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.