Топли пораки за Plazma

На полиците во супермаркетите ретко каде има од познатиот Plazma кекс. Љубителите на овој кекс ќе мораат да се стрпат поради намаленото производство по пожарот во фабриката „Bambi“.

plazma-slatko-2163-fi

Извор: BIZLife.rs

„Сѐ што ти треба е трошка трпение“ пишува на црвениот картон кој ги краси празните полици каде што обично стои големото пакување на Plazma.

Поддршка за Bambi даде и компанијата Mondelez, односно поддршка за Plazma даде кексот Oreo, кој остави порака на Instagram.

„Драга Plazma,

Се надевам дека ти и Мини Мини сте добро. За Мелената не се грижам, таа секогаш се снаоѓа. Ти посакувам брзо закрепнување, а кога ќе се вратиш, правиме торта заедно. Договорено?

Добар другар никогаш не мисли само на себе и секогаш е спремен да им помогне на пријателите во неволја“, стои во објавата.

После оваа поддршка, пристигна уште една слична. Имено, познатиот Pantenol објави на својот Instagram профил писменце за омилениот кекс.

„Pantenol имаше само седум години кога прв пат дозна за Plazma. Се гледаме секој ден, заедно заглавуваме во патничките торби и сакаме да ти кажеме дека трпеливо те чекаме. Само трошка трпение,“ напишаа на својот Instagram профил заедно со реченицата: „Ти посакуваме брзо да се вратиш, а кога ќе се вратиш, пак ќе патуваме заедно, нели?“  

plazma-2163-ps1

Извор: BIZLife.rs

Дади поддршка на Plazma и имај #mrvicastrpljenja.

Извор: BIZLife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.