„Среќна околност е што постојат различни тактики кои можат да ви помогнат да се вратите на она што треба да го правите, особено во моменти кога сме потполно преоптоварени и расеани“, вели експертот за среќа Џесика Вајс.
Три трикови кои ја подобруваат концентрацијата
Дозволете си да ги почувствувате своите емоции
Започнете со тоа што ќе си посветите малку време во текот на денот за да ги почувствувате своите емоции. Вајс препорачува 15 до 20 минути за грижа, бес, фрустрација – или каква било емоција што ја чувствувате. Тоа е „начин на кој всушност можете да се соочите со емоцијата“, вели таа, наместо да ја потиснувате.
Ова може да се случи во кое било време од денот.
„Некои луѓе се будат наутро со чувство на анксиозност“, објаснува Вајс.
Кај други, врвот на анксиозноста доаѓа напладне или пред крајот на денот. Одвојте 15 до 20 минути за себе токму кога е тој период.
Фокусирајте се на работите што можете да ги контролирате
Кога работите, Вајс препорачува да се „фокусирате на работите што можете да ги контролирате“.
Тоа значи, насочете се кон задачи „врз кои имате автономија и слобода за дејствување“, наместо кон оние што зависат од други лица за да напредуваат. Пренасочувањето на енергијата кон работа што ја контролирате „ја намалува анксиозноста и го зголемува чувството на задоволство од животот“, објаснува Вајс.
Исто така, наместо да размислувате за сè што треба да направите, фокусирајте се на „малите победи“.
Потопете се целосно во работата
На крај, одвојте време за да постигнете ниво на фокус во кое целосно ќе се внесете во активноста што ја извршувате и можеби дури ќе изгубите поим за времето. Вајс препорачува секој ден, еден до два часа, да се посветите на работа на овој начин.
Во таа ментална состојба, „изберете задача што е малку потешка од нешто што вообичаено би го правеле, елиминирајте ги сите одвлекувања и поставете јасна цел“. Одберете задача што ќе ве изва ди од вашата „зона на удобност“, наместо нешто што ви е лесно.
„Посветете два часа на активност што претставува предизвик за вас и што ви носи чувство на задоволство“, советува Вајс. На овој начин, ќе си го вратите чувството на способност за концентрација и фокус.
Извор: Bizlife.rs