Празници со ВИ: Новата реклама на Coca-Cola

Знаеме дека празниците се блиску кога ќе ја видиме познатата реклама на Coca-Cola на телевизија.

nova-reklama-2552-fi

ВИ генерирана слика

Компанијата традиционално, пред празниците, објавува нова реклама со Дедо Мраз, поларни мечки, црвениот камион, многу емоции и, секако, шише Coca-Cola. Иако рекламата секоја година претрпува мали промени, оваа година компанијата направи драстичен чекор – целата реклама е создадена со помош на вештачка интелигенција.

Рекламата и натаму го прикажува препознатливиот Coca-Cola камион украсен со светилки, но оваа и другите сцени се целосно генерирани со помош на ВИ.

За прв пат прикажана во 1995 година, оваа реклама ги прикажува црвените камиони на овој гигант за безалкохолни пијалаци украсени со светла, како вршат свечени испораки низ снежни пејзажи.

Но, оваа година рекламата е целосно развиена со помош на вештачка интелигенција, што значи дека „актерите“ не се вистински луѓе, а ниту една сцена не е снимена на локација.

30 години традиција

Од оригиналот пред речиси 30 години, секоја година рекламата на Coca-Cola, „Празниците доаѓаат“, користеше вистински актери и камиони украсени со божиќни светла.

Меѓутоа, годинава, секој елемент во рекламата е плод на „имагинацијата“ на машините.

Според медиумските написи, за оваа реклама се заслужни три студија за вештачка интелигенција – Secret LevelSilverside AI и Wild Card. Хавиер Меза, главниот маркетинг менаџер на Coca-Cola за Европа, изјави дека сакале да бидат во чекор со модерното време.

„Не започнавме со мислата: ‘ОК, мораме да ја направиме оваа реклама со ВИ.’ Сакавме рекламата да ја доближиме до денешното време и како едно од решенијата за тоа ја истражувавме вештачката интелигенција,“ изјави Хавиер Меза за Marketing Week.

„Ова ја покажува посветеноста на Coca-Cola за прифаќање на иновации, искористување на нашата соработка со врвни креативни и технолошки партнери, а при тоа остануваме верни на нашите основни вредности – ширење среќа и создавање вистинска магија,“ додаде тој.

Иако историјата на празничните реклами трае само последните 30 години, Дедо Мраз се појавува во рекламите за Coca-Cola уште од 1920-тите. Сепак, целосен урбан мит е дека Coca-Cola ја создала легендата за Дедо Мраз, како и гласината дека Coca-Cola го обоила Дедо Мраз во црвено, бидејќи пред создавањето на Coca-Cola во 1886 година, Дедо Мраз се појавувал на бројни илустрации и книги во црвен капут.

Извор: Bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.