„Има големо несогласување помеѓу образованието и пазарот на трудот. Знаењата што се стекнуваат за време на формалното образование не одговараат целосно на пазарот на трудот, особено во овие години кога сè се менува многу брзо,“ рече Ќетковиќ.
Таа изјави дека компаниите бараат нови знаења и вештини, но образовниот сектор „не може толку брзо да се приспособи на тие промени“.
На прашањето за најбараните работни места, Ќетковиќ рече дека најбараните работни места се од областа на економијата, но и дека помал број студенти запишува студии од областа на ИТ во однос претходните години.
„До скоро, најбараните работни места беа и од областа на ИТ. И сè уште се, но во последно време имаме нови информации дека на студиите по ИТ се запишува помал број студенти отколку претходните години, што е резултат на моменталната состојба на пазарот,“ рече Ќетковиќ.
Таа истакна дека ИТ е сѐ уште најплатената област, но дека во моментов „во регионот е во голема криза“. Ќетковиќ додаде дека младите се заинтересирани за работа, но дека начинот на кој тие се заинтересирани „не одговара целосно на начинот на кој компаниите се навикнати да вработуваат“.
Таа наведе дека младите повеќе ги интересира флексибилна форма на работа, флексибилно работно време и услови, додавајќи дека компаниите до одредена мера се прилагодиле на тоа.
„Не постои доволна понуда на пракса и програми кои можат да им помогнат на младите на почетокот на кариерата. Големите компании организираат такви програми, но тоа е недоволен број за младите да влезат на пазарот,“ рече Ќетковиќ.
Извор: Bizlife.rs