(Рецензија) Магијата на Малага низ објективот на револуционерниот Samsung Galaxy Flip6  

Како новинар кој е постојано во движење, секогаш сум барала уред што може да го следи моето брзо темпо и љубовта кон фаќање спонтани, но неверојатни моменти.

samsung-galaxy-2204-fi

Извор: Т. Р.

Да бидам искрена, серијата Galaxy Z Flip отсекогаш ми била привлечна, пред сè поради неверојатниот дизајн и женственост. Конечно, најновиот модел ми падна во раце, па Samsung Galaxy Flip 6 стана мој придружник за време на моето неодамнешно патување во Малага.

Малага е живописна во секој можен поглед, совршена кохезија на арапската архитектура со шпанската еклектика. Културата дише во ритамот на андалузискиот такт, обвиткана со мирисот на сол, море и страст. Прашањето е како оваа совршена синергија да се долови во една фотографија?

samsung-galaxy-2204-ps1

Извор: Т. Р.

Долови го духот на Пикасо со Circle-to-Search

Движејќи се низ улиците на Малага, со елегантниот Galaxy Z Flip 6 удобно сместен во мојата рака, наидов на скриени мурали, шармантни улички и кафулиња. Совршено симетричниот дизајн со рамни рабови дава префинет изглед – совршен моден додаток.

Но, вистинскиот сјај на телефонот се покажа за време на мојата посета на Музејот на Пикасо. Користејќи ја функцијата Circle-to-Search се почувствував како да имам личен водич на дофат на рака. Кога ја насочив камерата кон неверојатните уметнички дела на големиот мајстор на кубизмот, телефонот веднаш ми даде детални информации за делата на Пикасо и за околните изложби. Вистинско интерактивно искуство кое ја поврзува уметноста со технологијата на начин кој никогаш не го замислував. Нема потреба од дополнителни апликации или водичи – Z Flip 6 беше сè што ми требаше.

samsung-2204-ps2

Извор: Т. Р.

AI-мајсторија: Лесна фотографија

Највпечатливо беше колку лесно Z Flip 6 ја фати суштината на убавината на Малага. Функциите на камерата засилени со вештачка интелигенција (ВИ) ги направија непотребни сите рачни прилагодувања. Од сјајните рефлексии на Медитеранот во пристаништето до сложените шари на ѕидовите на тврдината Алказаба, со функцијата Photo Ambient  засилена со ВИ, заднинската слика на екранот се менува во реално време. Во зависност од времето од денот и временските услови, камерата автоматски се приспособуваше на светлосните услови и композицијата на сцената. Без разлика дали беше светол сончев ден или golden hour кој фрла меко светло, ВИ ја оптимизираше камерата за јасност, баланс на боите и контраст.

samsung-2204-ps3

Извор: Т. Р.

Функцијата AI Scene Enhancer го подигна искуството на следно ниво. Улиците на стариот град на Малага со својата мешавина на историска архитектура и современ живот, беа моментално претворени во кинематографски рамки. Секој детаљ беше зачуван, од калдрмите до живописните улични уметности, без потреба од никакви рачни прилагодувања.

samsung-2204-ps4

Извор: Т. Р.

Flex Mode за креативност

Додека ја истражував уметничката сцена на Малага, го користев Flex Mode за да создадам подинамични фотографии. Преклопливиот дизајн на Z Flip 6 ми овозможи да го поставам на секоја подлога, ослободувајќи ги моите раце за покреативни агли. Без разлика дали ги фотографирав украсените плочки во замокот Гибралфаро или живописните пазари со храна, флип-дизајнот ми овозможи да ги фатам уникатните перспективи кои обичниот телефон не би можел да ги постигне. Плус, со новиот режим Auto Zoom, FlexCam автоматски го наоѓа најдобриот кадар од снимката, со автоматско препознавање на предметот и зумирање кон или од него, пред да ги направи потребните прилагодувања.

samsung-2204-ps5

Извор: Т. Р.

Режимот портрет засилен со ВИ, исто така, беше вистинска пресвртница. Го тестирав додека ги посетував живописните плажи на Малага и резултатите беа зачудувачки. Интелигентно ги замаглуваше елементите кои пречат во заднина, донесувајќи го фокусот на главниот објект. Длабочината и деталите на овие фотографии беа зачудувачки извонредни.

Најиздржливиот телефон досега

Кога патувате со 18-месечно бебе несомнено ви треба уред, кој доколку се случи по некоја веројатност да заврши во рацете на малиот бандит, да го преживее моментот. И да, од прва рака, после неколку паѓања на различни подови (колку и да ми е жал да признам), Z Flip 6 преживеа. Подобрените слоеви на главниот екран помагаат да се намали искривувањето и да се одржи цврстината. Z Flip 6 e  опремен со напредното стакло Armor Aluminum и Corning® Gorilla®Glass Victus® 2, поради што ова е најиздржливата серија Galaxy Z досега. Верувале или не, телефонот нема ниту една гребнатина!  

Сон за љубителите на уметноста

Она што го прави Z Flip 6 посебен, покрај неверојатната камера, е фактот што совршено одговараше на мојата љубов кон уметноста и патувањата. Z Flip 6 е повеќе од само паметен телефон; тој е креативна алатка која ми овозможи да ја истражувам Малага на начин кој никогаш порано не сум го искусила. Без разлика дали се работи за тури водени со ВИ, подобрувања на сликите, или за уникатниот флип-дизајн, овој уред се докажа како совршен придружник за секој кој (како мене) е постојано во потрага по следниот совршен кадар. 

Малага ме остави инспирирана, а со Samsung Z Flip 6 сега имам галерија на незаборавни моменти, обликувани од уметноста на градот и овој иновативен телефон. Но, она што го направи ова патување посебно не беше само привлечноста на андалузиското сонце – туку и како камерата и ВИ-алатките на Z Flip 6 го издигнаа моето искуство на сосема ново ниво.

Од: Т. Р.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.