Работа од соништата? Заборавете на CV – еве што ви треба

Кога станува збор за пронаоѓање нова работа, бројот на испратени апликации и формулари за CV не е најдобриот показател за вашиот напредок. Вистинскиот тест, според новата студија на истражувачи од Харвард, е во бројот на разговори што ги имате.

dreamwork-2998-fi

Извор: Unsplash

По десет години истражување и интервјуа со над 1.000 работници – од корпоративни директори до менаџери во ресторани за брза храна – истражувачите открија дека успешните професионалци имаат една клучна заедничка вештина: тие се исклучително вешти во градење мрежи и контакти.

Иако не е универзално решение, вмрежувањето може да ви помогне подобро да ги процените можностите и да избегнете вработување на позиција што нема да ве исполни, тврдат авторите на студијата.

„Луѓето едноставно сакаат да се најават на LinkedIn или некоја друга платформа за работа и да почнат да испраќаат CV-ја, без притоа да остварат вистински контакти со луѓето од компаниите или од позициите за кои аплицираат,“ објаснува Мајкл Б. Хорн, еден од авторите на истражувањето, за CNBC. „Барањето работа е многу повеќе социјален процес отколку што луѓето мислат: потрагата по ‘совршената работа’ на интернет ретко резултира со најдобриот избор, дури и ако добиете понуда.“

Резултатите од истражувањето се претставени во книгата Job Moves, која заедно ја напишаа Хорн, Итан Бернштајн и Роберт Моеста.

Вмрежувањето е клучно во ерата на ВИ и „лажните“ огласи за работа

Хорн истакнува дека вмрежувањето станало уште поважно во работна средина во која доминираат „ghost“ огласи за работа, автоматизирани процеси за селекција на кандидати преку вештачка интелигенција и работни биографии генерирани со ChatGPT.

„Работодавачите повеќе не се сигурни дали CV апликациите што пристигнуваат преку онлајн конкурси навистина ги одразуваат вештините, искуството и компатибилноста на кандидатите за одредена улога,“ објаснува тој. „Сè почесто се потпираат на она што отсекогаш го правеле — а сега можеби повеќе од кога било — чекаат вистинската личност да се појави преку препорака.“

Истражувањата покажуваат дека кандидатите кои доаѓаат преку препорака имаат многу поголеми шанси да бидат вработени во споредба со оние што аплицираат на стандарден начин. Според неодамнешен извештај на компанијата Paradigm, кандидатите кои биле препорачани имаат повеќе од 4,5 пати поголема веројатност да бидат ангажирани.

Како да го направите вмрежувањето помалку непријатно и поефикасно

Хорн признава дека процесот на вмрежување за многумина може да изгледа „непријатен и застрашувачки“, но постојат начини да се поедностави.

Џесмин Ескалера, експерт за кариера во MyPerfectResume, го предлага следниот пристап: направете листа на отворени работни позиции што навистина ве интересираат, а потоа контактирајте го менаџерот за вработување, тимот за човечки ресурси или потенцијален колега преку е-пошта или LinkedIn.

Во пораката, претставете се, нагласете дека веќе сте ја испратиле вашата апликација, објаснете како се поврзувате со мисијата на компанијата и предложете средба лице в лице или онлајн за да поразговарате.

dreamwork-2998-ps1

Извор: Unsplash

Овие контакти можат да ви овозможат уникатен увид во компанијата и позицијата, што може значително да ги зголеми вашите шанси за вработување.

Исто така, не мора директно да контактирате некого од компанијата што ве интересира. Разговорите со луѓе од индустријата или од слични позиции можат да ви дадат искрени и корисни информации, советува Бернштајн.

Едно од најпаметните прашања што можете да го поставите во ваквите разговори, според него, е:

„Како би ме убедиле да ја прифатам оваа работа, а како би ме одвратиле од неа?“

Ова прашање открива клучни предизвици и предности на конкретната позиција.

„Информативните интервјуа се можност навистина да процените дали ова е нешто што сакате да го работите и дали одговара на вашите вредности и приоритети во овој момент од животот,“ истакнува Бернштајн.

Ако во разговорите не откриете ниту една потенцијална пречка, „не го правите тоа како што треба“, додава тој. „Многу научувате за тоа што сакате на работното место кога ќе сфатите што не сакате.“

Извор: Bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.