Ако имате своја компанија и работите постојано и неуморно, нормално е дека вашиот работен простор нема секогаш да изгледа како фотографија од магазини.
Поентата е дека не мора да го реновирате целиот простор. Доволно е да направите неколку ситни трикови и промени и ќе добиете поубаво, посреќно и поздраво работно опкружување.
Ова се тие едноставни промени:
Пуштете музика
Она што го слушате влијае на вашето расположение. Ако луѓето гласно зборуваат во близина или во соседството се одвиваат градежни работи и слушате бушење, ќе ви биде многу тешко да се фокусирате на задачите. Од друга страна, слушањето соодветна музика може да ги заглуши овие непријатни звуци и да го подобри вашето расположение. Како што истражувањето покажало, музиката која ја подобрува продуктивноста нема зборови и има едноставна структура.
Внесете природа во вашиот работен простор
Една студија покажала дека природната светлина позитивно влијае на креативноста, енергијата и продуктивноста. Уште повеќе, луѓето кои работат во простор без прозорци почесто имаат главоболки, губење на свеста и почесто се разболуваат од оние кои работат во простор кој има прозорци. Без оглед на тоа, вие можете на вашето работно биро да ставите растенија. Тие помагаат да се фокусирате на работните задачи и да вдишувате почист воздух.
Извор: Freepik
Додадете вистинска боја
Различни бои различно влијаат на нас и на нашата работа. Црвената боја буди сила, топлина, храброст, но и агресија. Црвената боја е соодветна за физичка работа.
Сината боја е боја на доверба, интелигенција и логика, што ја прави идеална за место каде се извршуваат когнитивни задачи. Жолтата боја е поврзана со креативноста и самодовербата. Зелената е боја на хармонија.
Имајте приватност
Многумина ќе му дадат предност на отворениот простор бидејќи во него има подобра комуникација и соработка со вработените. Но, отворениот концепт на деловен простор има и недостатоци. Еден од тие недостатоци е тоа што немате приватност, немате свој простор и постојано има бука. И дали навистина сакате сите да ги слушаат вашите телефонски разговори? Поради сето ова, многу подобро е да се држите до простор од затворен концепт. Ако сепак сте во отворен простор, обидете се да имате свој агол барем за подлабоко размислување и посериозна работа.