„Напорната работа е мит“: Директорот на Netflix за клучот на успехот

Напорната работа не е она што ги прави компаниите силни, изјави коосновачот на Netflix, Марк Рандолф. Успешните извршни директори и претприемачи често напредуваат затоа што имаат една вештина – способност да им дадат приоритет на проблемите кои бараат итно решение, рече Рандолф во поткастот „The Diary of a CEO with Steven Bartlett“.

naporna-rabota-2001-fi

Извор: Unsplash

„Мислам дека напорната работа која води кон успехот е мит. Ако можам да бидам навистина паметен во врска со проблемите на кои ќе одлучам да се фокусирам, тоа ќе направи разлика. Не морам сè да направам правилно затоа што повеќето работи не прават разлика. Некои работи функционираат,“ рече тој.

Во Netflix, Рандолф „се караше за секој збор во текстот“ и за секоја фотографија на производите наменети за потрошувачите, очајно сакајќи да се увери дека сè е совршено пред да го види купувачот.

Труд

Со текот на времето, тој сфатил дека реакциите на корисниците имаат малку врска со тоа колку труд вложил во разубавување на работите и дека неговата цел требало да биде што побрзо да добие реални повратни информации за незавршените тестови.

„Доколку идејата имаше барем навестување дека би можела да биде добра, без разлика колку тестот бил лош, тоа се гледаше. Купувачите веднаш покажуваа интерес,“ објасни тој.

Еден од тие тестови беше моделот на претплата на Netflix кој ја елиминираше потребата за надомест за изнајмување на DVD. Купувачите позитивно реагираа на поедноставеното корисничко искуство со помалку стрес. Тоа помогна да се зголеми базата на корисници на Netflix, ставајќи го на патот кон неговата сегашна пазарна вредност од 289,29 милијарди долари.

naporna-rabota-2001-ps1

Извор: Freepik

Кога е напорната работа важна?

Додека регрутерите и милијардерите истовремено ја истакнуваат вредноста на силната работна етика, Рандолф не е единствената личност која мисли дека напорната работа е понекогаш преценета.

Некогаш, напорна работа значеше прв да дојдете во канцеларија и последен да заминете, но тоа не гарантира дека ќе станете извршен директор. Покрај тоа, студија од Стенфорд од 2014 година покажа дека продуктивноста по час нагло опаѓа ако вложите повеќе од 50 часа неделно.

Наместо тоа, работете од 9 до 5 за да воспоставите добри односи со вашите колеги, особено ако можат да ви дадат повратни информации за вашата работа, рече Стејси Халер, главен советник за кариера во ResumeBuilder за CNBC Make It.

Понекогаш ќе мора да поминувате многу часови на работа, особено на почетокот на вашата кариера или ако започнувате своја компанија, забележа Рандолф.

На крајот, постојаното форсирање достигнува до точка во која носи сè помалку корист. Во суштина, фокусот ги разликува вредните вработени од паметните, рече Рандолф.

„Толку многу претприемачи се будни цела ноќ, двапати го проверуваат секој детал и работат толку напорно,“ рече Рандолф.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.