Со финансиска поддршка од десет милиони злоти (2,3 милиони евра), иницијативата ќе започне подоцна оваа година.
„Ова е прва ваква пилот – програма во нашиот дел од Европа“, изјави министерката за семејство, труд и социјална политика Агњешка Џеманович – Бак.
Во рамки на дебатата за ова прашање, министерката истакна дека сега е вистинскиот момент се скрати работното време, при што ќе биде обезбедена иста плата, пренесе Полското радио.
Полските работодавачи и вработени во рамки на пилот – проектот ќе тестираат различни модели на скратено работно време, со цел да се утврди кој е најсоодветен.
„Пократок работен ден или недела? Или можеби подолг одмор? На компаниите и институциите ќе им биде оставено да одлучат како ќе го постигнат заедничкиот стремеж – намалување на работните часови со задржување на иста плата“, рече Џеманович – Бак.
Извор: Freepik
Таа додаде дека е можно да се работи помалку и да се работи попродуктивно. „На крајот на краиштата, работиме за да живееме, не живееме за да работиме“, нагласи полската министерка.
Новата програма има за цел да ги вклучи претпријатијата, локалните самоуправи, фондациите и синдикатите, при што главен услов е вработените да продолжат да ја примаат истата плата, и покрај пократкото работно време.
Ќе бидат тестирани различни модели, вклучително и скратување на работното време во одредени денови или намалување на бројот на работни денови во неделата.
Џеманович – Бак истакна дека претходни истражувања покажале дека скратеното работно време го подобрува здравјето на вработените, го намалува „прегорувањето“ на работа и води до намалување на бројот на грешки, без негативно влијание врз финансиските резултати на компаниите.
Извор: Bizlife.rs