Samsung Electronics Co., Ltd. вчера објави дека Galaxy S25 ја доби наградата за дизајн за рециклирање за 2025 година (2025 Design for Recycling® Award), највисокото признание за лидерство во одржливиот дизајн на производи, доделено од страна на Recycled Materials Association (ReMA), водечка индустриска организација посветена на промоцијата на рециклирањето и циркуларната иновација.
Оваа награда го препознава иновативниот напор на Samsung да го зголеми користењето на рециклирани материјали и да прави повеќе со помалку природни ресурси од планетата. Galaxy S25 е првиот уред од Galaxy серијата кој вклучува рециклиран кобалт – критичен материјал кој се користи во батериите – добиен преку новиот систем на Samsung за циркуларен снабдителен ланец за батерии. Овој систем го обновува кобалтот од претходно користени Galaxy уреди и батерии отфрлени за време на производниот процес, помагајќи повторно да се употребуваат вредни материјали и да се намали потребата од ново-ископан кобалт.
„Samsung е посветен на вградување на одржливост низ целиот животен циклус на нашите производи, од дизајн, преку користење и отстранување,“ изјави Даниел Арухо, потпретседател и раководител на Канцеларијата за управување со одржливост, Мобилно искуство (MX) и бизнис во Samsung Electronics. „Galaxy S25 претставува важен момент во нашиот пат кон подобрување на циркуларноста во нашите производи и операции, комбинирајќи најсовремени иновациии со одговорност кон планетата. Ќе продолжиме да ги прошируваме нашите напори за создавање поконкурентна и одржлива иднина за идните генерации.“
„Samsung покажува вистинско лидерство инкорпорирајќи дизајн за принципите на рециклирање во секоја фаза од Galaxy S25,“ изјави Робин Винер, претседател на Recycled Materials Association (ReMA). „Нивната употреба на различни рециклирани материјали покажува јасна посветеност со иновации и еколошка одговорност кон дизајнирање на производите на кои се потпираме секој ден.“
Извор: Samsung
Развивајќи го својот напредок во рециклирањето на батерии, Galaxy S25 вклучува осум различни рециклирани материјали³ низ своите компоненти, вклучувајќи алуминиум, ретки земјени елементи како неодиум и челик. По прв пат, рециклиран материјал е интегриран во алуминиумските рамки⁴ на уредите (armor aluminum frame), обезбедувајќи дека секоја надворешна компонента на Galaxy S25 содржи барем еден рециклиран материјал. Кутиите во кои се пакуваат уредите од серијата Galaxy S25 се исто така изработени од 100% рециклирана хартија, елиминирајќи пластика за еднократна употреба.
Samsung исто така ја поддржува поправливоста за потрошувачите преку програмата за само-поправка (Self-Repair program), овозможувајќи им на корисниците да го продолжат животниот век на уредите и да го намалат електронскиот отпад.
Овие иницијативи ги поддржуваат пошироките еколошки цели на Samsung, вклучувајќи ги напорите кон премин на 100% обновлива енергија во глобалните DX операции до 2027 година и вклучување на барем еден рециклиран материјал во секој модул на секој мобилен производ до 2030 година, инвестирајќи во иновативни еко-свесни материјали без да се компромитира силата, естетиката или издржливоста.
Церемонијата за доделување на наградите ќе се одржи на 14 мај на ReMA Конвенцијата во Сан Диего, Калифорнија.
Извор: Samsung
За Samsung Electronics
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести прочитајте на Samsung Newsroom на news.samsung.com/mk/.
Извор: Samsung