Џон Вилијамс пребарувал информации кои не биле поврзани со неговата работа и кои, очигледно, биле непотребни. Имено, тој пребарувал на Google факти зошто Сајмон Конвел претерал со ботоксот, потоа дали боли вградување на заби во Турција и други бизарни работи пред да започне со своите работни обврски.
Џон вели дека бил критикуван и затоа што три пати рекол дека е болен и дека не може да работи од „проклето глупави причини“.
„Сè уште бев на пробен период на работното место од кое ме отпуштија. Имав два или три дена боледување, а изговорите што ги користев беа навистина глупави,“ рече тој.
„Дојде до точка кога обемот на работа едноставно не ми беше доволен. Едноставно немав што да правам, па почнав да пребарувам на Google,“ рече Џон.
Покрај тоа, ја потрошил целата своја заштеда пред да добие отказ за да отпатува во Турција и да си ги среди забите, па на крајот останал и без пари и без работа.
Потоа се сврте кон TikTok. „Знаев дека немам приход, па помислив дека единствениот извор кој ми останува е TikTok,“ рече тој.
Сепак, не сите беа импресионирани од неговата приказна. Некои сметаат дека тоа се прилично глупави причини за отказ. Вилијамс верува дека поради неговиот TikTok на крајот бил одбиен од други работи места за кои аплицирал.
„Очигледно го виделе видеото и ми рекоа дека моите вредности не се во согласност со нивната компанија. Буквално ми рекоа дека го виделе мојот TikTok и не се чувствував добро поради тоа. Ми беше непријатно,“ додаде тој.
Џон ги советуваше сите да бидат внимателни на интернет и што објавуваат за да не им се случи слична ситуација.
Извор: Bizlife.rs