Емоционалните врски и напредните технологии

Дигиталната ера го олесни запознавањето на луѓе, но исто така донесе и некои сосема нови ризици. Апликациите за запознавање, социјалните мрежи и апликациите за размена на пораки ги зближуваат луѓето, но можат да отворат врата за експлоатација и злоупотреба во врските. Растот на популарноста на онлајн запознавањето создаде плодна почва за манипулација.

emocionalni-vrski-2210-fi

Извор: Freepik

Чувството дека се запознале со некого кого никогаш не го сретнале лично, многу корисници ги охрабри да споделуваат лични податоци или интимни слики пред да сфатат всушност кое е лицето со кое ги делат. Неодамнешна студија на компанијата Kaspersky открива дека 39% од луѓето на возраст од 25-34 години споделиле интимни слики со некого кого никогаш не го сретнале во реалниот живот.

Ова однесување отвора пат за бројни злоупотреби – било да станува збор за злоупотреба на интимни слики, stalkerwere или дипфејк измами. Онлајн состаноците стануваат сè поранливи на опасности кои не беа вообичаени пред само неколку години.

Приватни фотографии – јавна ноќна мора: закана за злоупотреба на фотографии

Злоупотребата на интимни слики (Intimate Image Abuse – IIA) или „одмаздничка порнографија“ е една од многуте штетните форми на дигитална злоупотреба. Како што станува нормално споделувањето на интимни слики, многу луѓе се чувствуваат безбедно кога доверуваат лични фотографии на партнери или онлајн симпатии. Во истражувањето „Гола вистина“, кое опфати 9000 испитаници, скоро половина изјавиле дека доживеале или познаваат некој кој искусил злоупотреба на интимни слики. Проблемот е особено сериозен кај помладите генерации на возраст од 16-24 години, од кои 69% признале дека го доживеале тоа. И покрај ризиците, обвинувањето на жртвите е сè уште вообичаено, бидејќи 50% од испитаниците веруваат дека оние кои споделуваат интимни слики се самите одговорни доколку тие се објават. Ова одразува широко распространето неразбирање на концептот на согласност и приватност.

emocionalni-vrski-2210-ps1

Извор: Freepik

Експертите на Kaspersky предупредуваат дека е потребно внимателно да се процени нивото на доверба што го имаме во личноста со која ги споделуваме нашите фотографии и да се имаат предвид потенцијалните последици од споделувањето. Освен тоа, многу платформи на социјалните медиуми имаат системи за откривање и отстранување на интимни слики објавени без согласност и многу е корисно однапред да се знае како да се пријави таквата содржина. Исто така, треба да се внимава на лозинките и да се избегнува користење на идентични лозинки за повеќе платформи, бидејќи тоа може да ги направи профилите поранливи на неовластен пристап.

Апликации кои нè шпионираат: закана од stalkerware

Stalkerware е софтвер кој тајно следи нечија локација, пораки и дневни активности, често маскиран како алатка за заштита од кражба на уреди или родителска контрола, која се користи за злонамерни цели. Во 2023 година, низ целиот свет беа идентификувани над 31.000 случаи на инфекција со ваков тип на малициозен софтвер — што претставува пораст од 6% во однос на претходната година. Многу жртви не се ни свесни дека се под надзор поради скриената природа на овие апликации. Покрај stalkerware, често се користи надзор на GPS локација или на социјални медиуми – зашеметувачки 34% од испитаниците признале дека ги проверувале профилите на своите партнери.

Експертите предупредуваат на претпазливост – знаци на инсталиран stalkerware може да бидат необично брзо празнење на батеријата, апликации што не ги препознавате или ненадејни промени во дозволите за користење на локацијата, камерата или микрофонот. Со ажурирање и прилагодување на поставките за приватност и редовно проверување на дозволите за апликации, се намалува ризикот од следење.

emocionalni-vrski-2210-ps2

Извор: Freepik

Кога го гледате она што не постои: закана од дипфејк

Дипфејк содржини настануваат кога со помош на вештачка интелигенција (ВИ) се создаваат хиперреалистични лажни слики, видео записи, па дури и аудио снимки. Некогаш отфрлени како трикови со низок квалитет што лесно се забележуваат, дипфејковите сега еволуираа и станаа неверојатно убедливи. Алатките со отворен код го олеснија создавањето на дипфејк содржини за секој кој поседува основни технички вештини, што значително ја зголемува примената на ваквите содржини во онлајн односите.

Додека на почетокот јавноста беше фокусирана на дипфејк содржини со познати личности, сега жртва на оваа технологија може да биде секој. Во романтичен контекст, дипфејкот може да се користи за креирање на лажни компромитирачки слики или видео записи. Овие материјали потоа се користат за уцени, при што сторителите се закануваат дека ќе ја објават содржината доколку не се исполнат нивните барања.

Експертите препорачуваат корисниците да ги следат предупредувачките знаци, како што се заканите поврзани со компромитација на медиум. Многу платформи на социјалните мрежи сега користат алатки за откривање и означување на содржините создадени со вештачка интелигенција и овозможуваат нивно отстранување по пријава. Свесноста за оваа закана е клучна – неопходно е да се информираме за дипфејк технологијата и нејзината потенцијална злоупотреба во онлајн запознавањето.

Информираноста и претпазливоста се клучни за намалување на ризикот при онлајн запознавањето. Согласноста во дигиталниот свет не е нешто што трае неограничено – сериозен проблем на дигиталната приватност е и фактот дека 30% од мажите веруваат дека ако добиле интимна слика, таа е нивна сопственост. Целната едукација е клучна за решавање на злоупотребата на интимни слики, следењето и вознемирувањето. Како што технологијата ги менува нашите емотивни односи, ние мораме да останеме информирани и претпазливи за да се заштитиме од зголемените закани како што се злоупотребата на слики, stalkeware и дипфејк.

Со разбирање на овие ризици, преземањето чекори за заштита и инсталирањето на сеопфатно безбедносно решение како што е Kaspersky Premium, може да помогне во заштитата на вашите уреди од закани како што е stalkeware и други малициозни софтвери.

За повеќе детали, прочитајте го извештајот и Водичот за безбедно онлајн запознавање кој го подготви компанијата Kaspersky.

Извор: Web-mind.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.