Како што се менуваат навиките на потрошувачите и бизнисите, одредени професии стануваат поотпорни на економски шокови од други.
Според зборовите на економистот Кори Стејл од платформата за вработување Indeed, најотпорни професии во време на рецесија ќе бидат оние што се најблиску до основните потреби, како што се здравството и трговијата со прехранбени производи.
Најстабилни професии
Во здравствениот сектор, меѓу најбараните и најстабилните професии ќе бидат медицинските сестри, лекарите, хирурзите и терапевтите. Побарувачката за овие професии нагло порасна за време на пандемијата и оттогаш не стивнува, вели Стејл.
Извор: Freepik
Исто така, работниците во трговијата и логистиката и понатаму ќе бидат неопходни, особено во супермаркетите и продавниците кои нудат основни намирници. Меѓу бараните работни позиции се касиери, магационери и работници во синџирот за снабдување, пишува CNBC.
Доколку новата царинска политика, како што ја најави администрацијата на Трамп, доведе до пораст на цените, потрошувачите, според Стејл, најверојатно ќе се фокусираат само на основните потреби.
Извор: Freepik
Професии под поголем ризик
Од друга страна, Стејл предупредува дека некои „помалку стабилни професии“ денес се меѓу најпопуларните, вклучувајќи го развојот на софтвер и маркетингот.
Според податоците на Indeed, најсилниот пазар на труд во моментов се наоѓа на југот на САД, каде бројот на огласи за работа пораснал за 20% во однос на периодот пред пандемијата. Спротивно на тоа, на западот и североистокот, особено во технолошкиот сектор е забележан пад на вработувањето.
Дури 75% од сите нови работни места отворени во 2024 година доаѓаат од секторите здравство и социјална заштита, јавна администрација и угостителство.
Спротивно на тоа, бројот на работни позиции во развојот на софтвер се намалил за цели 33% во споредба со периодот пред пандемијата. Исто така, јавната администрација повеќе не се смета за „безбедно прибежиште“ особено под актуелната политика на Трамп, тврди Стејл.
Оваа концентрација на работни можности во неколку сектори довела до „расцеп“ на пазарот на труд, каде што позитивните просечни податоци не го одразуваат реалното искуство на мнозинството луѓе кои тешко наоѓаат работа.
Клучот е во развојот на вештини и зголемување на личната вредност во која било индустрија без разлика дали не чека рецесија или не.
И покрај зголемениот интерес за вештачка интелигенција, работодавачите и понатаму имаат голема потреба од работници со основни дигитални вештини, како што се работа во Excel и професионална комуникација преку е-пошта.
Извор: bizlife.rs