Целиот свет e во заблуда: „Durex“ не значи тоа што мислите

Компанијата е основана во 1915 година под името The London Rubber Company, а во 1929 година го менува името во Durex. Durex е еден од најпознатите и најкористени брендови во светот. Нивните производи се наоѓаат на полиците во супермаркетите, во бањите, па дури и во паричниците. Презервативите Durex се убедливо најпродавани во светот.

durex-3435-fi

Извор: Freepik

Сепак, оние кои некогаш размислувале за тоа што значи името Durex, најчесто заклучувале дека станува збор за кратенка од „During Sex“ (за време на секс) – но изгледа дека се лажеле.

Вистинската приказна е поинаква: компанијата е основана во 1915 година под името The London Rubber Company, а во 1929 година го добива името Durex. Ова име всушност е акроним што означува Durability, Reliability, Excellence – трајност, сигурност и извонредност. Три збора кои тогаш биле избрани за да го претставуваат брендот и кои останале заштитен знак до денес, пренесува Jutarnji list.

Откритието за вистинското значење на името предизвика изненадување на интернет.

„Секогаш мислев дека Durex значи DURing sEX“, напишал еден корисник на Инстаграм, а дури и Хелен Вард, професорка по јавно здравство на Imperial College во Лондон, признала: „Не знаев дека Durex значи Durability, Reliability, Excellence.“

На вистинското значење неодамна потсети платформата за онлајн изучување на јазици Preply.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.