Конфликти на работното место: Претворете ги предизвиците во можности!

Голем дел од денот речиси секој од нас поминува на работното место и затоа е многу важно средината во која работиме да ни пружа услови во кои ќе бидеме продуктивни и успешно ќе ги извршуваме работните обврски.

konflikti-na-rabotnoto-mesto-1945-fi

Извор: Freepik

Без разлика дали работиме во мала фирма или во поголемо претпријатие или организација, знаеме дека можноста за појавување на конфликти на работното место е секогаш присутна бидејќи сите сме сведочеле или сме биле дирекно инволвирани во некој конфликт. Иако првата мисла која доаѓа на ум кога споменуваме конфликт има негативна конотација, сепак во голем број на случаеви конфликтите, без разлика дали се меѓу колегите или со претпоставените, можат да доведат до промена на подобро, само ако ги доживуваме како конструктивни конфликти.

Конструктивно решавање на конфликти

Секаде каде што има луѓе, па макар и двајца да се, може да се случи конфликт. Но, исто како што конструктивните критики во животот се наменети да бидат аргументирани и да поттикнат промена на подобро и како такви треба да ги разбираме, истиот начин може да се аплицира и врз одредени ситуациите на конфликти на работното место. Иако за повеќето, тоа се непријатни ситуации, сепак доколку подобро навелеземе во разбирањето на конфликтот, ќе дојдеме до заклучок дека тој може да биде добра алатка за подобрување на оперативноста кај вработените и нивното работно опкружување. На пример, секој пат кога конфликтите на работното место се решаваат на мирен, конструктивен начин и без лични навреди, тоа доведува до генерирање на нови идеи, односно тимовите да напредуваат. Иако, можеби во човечката природа на повеќето луѓе е да избегнуваат конфликти, сепак како и во животот, подобро е да се соочиме, цивилизирано и аргументирано да учествуваме во нив, бидејќи успехот го движат промени, а промените настануваат кога луѓето имаат различни идеи и различно размислуваат. Токму поради ова потребно е умеење и вештини за управување со конфликти.

konflikti-na-rabotnoto-mesto-1945-ps1

Извор: Freepik

Со различни мислења полесно се стигнува до подобро решение

Токму така. Во денешниот свет, особено во оној на бизнисот, конкурентните и успешни компании се оние кои нудат иновативни решенија, а до нив се стигнува кога во се земаат превид различни мислења, различни перспективи на вработените, или кратко речено „со браинсторминг“. Бидејќи во овој процес се спротивставуваат мислњата на луѓето во тимот, сите треба да внимаваат, а најмногу менаџерите, да не се случат недоразбирања или незадовоство, или пак некои колеги да не сакаат да го изразат своето мислење плашејќи се од критикување или отфрлање на нивните идеи. Затоа, создавање на работна средина во која различни размислувања се добредојдени,  без при тоа да иницираат конфликт(и), е клучно за секое претпријатие или организација. Можеби клучна улога за воспоставување на посакуваната работна атмосфера ја имаат менаџерите, кои треба да знаат како да се справуваат со конфликтите и да ги решаваат на начин прифатлив за сите засегнати. Првиот чекор треба да биде да го одредат видот и причините за конфликтот кој настанал меѓу двајца или меѓу повеќе вработени, и земајќи го предвид контекстот, да изберат соодветна стратегија за решавање на истиот. Добриот менаџер е вешт во лоцирање на основниот проблем поради кој настанал конфликтот, и способен успешно да го реши без да го наруши односот помеѓу колегите.

Најчест извор на, можеби најтешките за решавање, конфликти на работното место се личните разлики меѓу вработените и фактот дека секој од нив носи различни искуства од работата која ја работи во претпријатието. Секој има свои потреби и вредносни норми кои се обликувани од различните процеси на социјализација во зависност од воспитувањето, степенот на образование, искуството итн. Сето ова допринесува секој на свој начин да ги толкува настаните и да има различни очкувања за односите со колегите и надредените. Друга причина за конфликт може да бидат дезинформациите или недостатокот на информации. Тоа се случаеви кога одредена порака или насока дадена од претпоставените не е пренесена како што треба, односно нејзиното толкување не е целосно што може да ја направи неточна и извор на конфликт.  Сите конфликти имаат една заедничка карактеристика, а тоа е дека сите засегнати страни сметаат дека нивното решение или мислење е вистинското, односно само еден „мора да пообеди и да е во право“. Тоа е сосема погрешно, бидејќи кога сме фокусирани на „победа“, тогаш забораваме на важноста на заедничкото решение и создаваме култура на затвореност. А токму, култура на отвореност може да поттикне конструктивен начин на решавање на конфликтот.

Совети за успешно решавање на конфликти

Прифатливо решение за сите е возможно. За почеток, да се обидеме да не се фокусираме на разликите, туку повеќе да се насочиме кон работите за кои се согласуваме бидејќи колку и да се спротивставени мислењата, заеднички точки  сепак постојат. Нареден чекор нека биде вашето сознание, кое можете да го пренесете и на другите, дека конфликтот не треба да биде натпревар за извојување победа, туку откривање на заеднички пат до најдоброто решение. Но, ништо од ова не е возможно доколку не постои меѓусебна почит меѓу колегите, и во случајов меѓу лицата инволвирани во конфликтот. Почнувајќи од себе, самите мораме да имаме и да покажеме почит кон соговорникот. Ова е единствениот начин за да дојдеме до заедничко решение, и да создадеме и негуваме здрави меѓучовечки односи на работното место. Понатаму, своето мислење изразувајте го со аргументи, објаснувајќи зошто ви е важно и бидете сигурни во тоа што го кажувате или барате. И за крај, разбирајте ги колегите, поставувајте прашања, дознајте зошто тој/таа токму тоа го предлага. Кога едната страна ќе ја разбере другата, обично тоа е двонасочна улица, а со разбирање сите стануваме поотворени за различни мислења и донесуваме подобри одлуки.

Извор: jobs.com.mk

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.