Кои карактеристики ги поседува ментално силниот лидер?

Ментално силните лидери се истакнуваат по цврстината, одлучноста, самодовербата и фокусот.

koi karakteristiki gi poseduva mentalno silniot lider

Извор: Freepik / dotshock

Ментално силен лидер е оној кој има способност да управува со своите емоции, мисли и однесување со цел да постигне извонредни резултати. Правилото е следно: Оној кој успешно управува со себе, може да управува и со останатите.

Денес, работниот свет е исцрпувачки и хаотичен. Ништо не е сигурно, па токму таа нестабилност неретко влева страв и расеаност. Во вакви услови, каде инспирацијата може да исчезне, она што е вистинска супер моќ и која ги одвојува лидерите од останатите е токму менталната сила.

„Поминав 30 години проучувајќи што лидерите – и луѓето воопшто – ги прави ментално силни. Во моето истражување открив дека својата ментална сила ја покажуваат преку шест основни ‘тестови на лидерство’ кои најдиректно се поврзани со извонредни достигнувања, вели Linkedin експертот и говорник Скот Мауц за CNBC Make It.

Ментално силните лидери се истакнуваат кога станува збор за:

mentalno silen lider-ps1

Извор: Freepik / tridsanu1984

Цврстина

Поседување одлучност и самоопределување – управување со своите емоции, мисли и однесувања за да истраете.

Вреди трудот, бидејќи стекнувањето цврстина ви дава храброст да ги надминете препреките, а да не „потонете“.

  • Ви помага да ги преобликувате неуспесите
  • Ви помага да се носите со „секојдневните проблеми“
  • Поттикнува начин на размислување насочен кон решавање проблеми
  • Ви помага да напредувате под притисок и да дејствувате во криза
  • Ви помага ефикасно да планирате и да се носите со неприлики
  • Ве одбива од менталитетот на жртва
  • Поттикнува здрава дебата
  • Ви дава храброст и средства за тешки разговори

Самодоверба

Врската помеѓу самодовербата и достигнувањата е неспорна. Самокритичните емоции, мисли и однесувања за миг можат да ја уништат вашата самодоверба и предноста што таа ви ја дава.

  • Изградбата и одржувањето на вашата самодоверба ве насочува вас и другите, низ несигурностите, кон најспособното „јас“.
mentalno silen lider-ps2

Извор: Freepik / EyeEm

Храброст

Храброста бара ум насочен кон оспособување наспроти ограничување на мислите и верувањата. Развивањето на смелоста исплаќа огромни дивиденди бидејќи ја поттикнува вашата бестрашност да се туркате себеси и вашиот тим повисоко, подалеку и побрзо.

  • Поттикнува размислување ‘на големо’
  • Ве поттикнува да преземете паметен ризик
  • Ве турка во несигурност за да прифатите промени
  • Ви дава сигурност дека можете да бидете предводник на помените

Размена на пораки

Вработените постојано ги следат лидерите. Она што го кажувате, како се однесувате и што чувствувате директно влијае на тоа како тие се гледаат себеси и својата работа. Од лидерска позиција можете да испраќате корисни или некорисни пораки на начини кои се трансформативни за вас и за сите околу вас.

  • Растот во оваа област ви помага да поттикнете мотивација, енергија и доверба.
  • Ви помага да управувате со негативните емоции.
  • Ве спречува да ги изгубите нервите и ви помага внимателно да ги избирате зборовите
  • Ви помага да ги избегнете стапиците на негативност
  • Ве поттикнува проактивно да поттикнувате позитивност
  • Ви помага да бидете активен слушател
  • Ве поттикнува да зрачите со транспарентност и интегритет
  • Ви помага да имате избалансиран тон, да поставувате барања и очекувања, но со емпатија
  • Ви дава дисциплина да дејствувате согласно со вашите вредности, зајакнувајќи го вашиот карактер

Донесување одлуки

Емоциите, пристрасностите и недисциплината се непријатели на доброто донесување одлуки. Вештините за самоконтрола играат огромна улога во давањето храброст и уверување да бидете одлучни и во подобрувањето на вашата способност да донесувате добри одлуки кои ве водат кон вашите цели.

Самоконтролата и менталната сила поттикнуваат:

  • Подигнување на свеста за вашите предрасуди и лоши навики, спречувајќи негативно да влијаат на одлуките
  • Развивање на аналитички пристап кон донесувањето одлуки базирани на податоци
  • Поставување јасен процес или структура за донесување одлуки
  • Истражување на подобра трета опција
  • Развивање на подобра способност за предвидување и поголема самодоверба во одлучувањето
  • Хранење на вашата подготвеност да донесувате тешки, непопуларни одлуки
mentalno silen lider-ps3

Извор: Freepik

Фокус на целта

Самоволието, мислите и емоциите ве одвлекуваат од целта која ви е на дофат. Намерното регулирање ви помага да се дисциплинирате и да се фокусирате на најважните работи.

Саморегулацијата и менталната сила:

  • Ви помагаат да поставите силни цели и да замислите што е потребно за да ги постигнете
  • Ве инспирираат да поставите подетален сет на очекувања
  • Ви помагаат да се фокусирате на она што можете да го контролирате
  • Ве помагаат да бидете одговорни и за себе и за другите
  • Ве тераат да направите чекор кон малите победи
  • Ви помагаат да го спречите одлагањето и перфекционизмот
  • Ви помагаат да ги прилагодите целите согласно потребите на патот

Сега, замислете дека сте биле одлични во сите шест од овие тестови на лидерство, поттикнати од вашите вештини за самоконтрола и ментална сила. Размислете за влијанието кое би го имале, за разликата која би ја направиле и за трагот кој би го оставиле зад себе.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.