Фотограф дисквалификуван од натпревар за AI фотографија откако победи со вистинска фотографија

Фотографија на фламинго е толку нереална што судиите и јавноста биле убедени дека е создадена со користење на ВИ.

fotograf-ai-slika-1591-fi

'Flamingone' - фотограф Miles Astray

Фотограф чија фотографија на фламинго без глава победи на натпревар за фотографии генерирани со вештачка интелигенција беше дисквалификуван бидејќи фотографијата беше вистинска.

Импресивната фотографија – наречена „Фламинго“ – беше пријавена од 38-годишниот Мајлс Астреј во престижниот 1839 Awards, натпревар кој привлекува учесници од некои од водечките фотографи во светот.

Судиите беа импресионирани од призорот на топка розеви пердуви на врвот на две тенки нозе.

Фотографијата е толку нереална што судиите – и јавноста – биле убедени дека може да биде создадена само со користење на софистициран софтвер за фото уредување базиран на ВИ.

На изненадување на Астреј, тој освои трето место во натпреварот за AI генерирани слики и победи во натпреварот каде што јавноста беше поканета да гласа.

Реалноста може да биде почудна од фикцијата

Фотографијата енаправена од Астреј во Аруба, докажувајќи ја поговорката дека тајмингот е сè во фотографијата – совршено прецизно го уловил момент кога главата на фламингото била скриена додека се чешал на стомакот.

„Ја внесов оваа вистинска фотографија во категоријата за ВИ на 1839 Awards за да докажам дека човековата содржина не ја загубила својата релевантност, дека природата и нејзините човечки толкувачи сè уште можат да ја победат машината и дека креативноста и емоцијата се повеќе од само низа цифри“, вели Астреј на својата веб-страница.

Разочаран од зголемената употреба на ВИ за уредување и создавање на  фотографии – што сега е вообичаено во софтверите за уредување фотографии, тој одлучи да докаже дека реалноста може да биде почудна од фикцијата.

Фламинго, додава тој, беше совршен кандидат. „Тоа е нереална и речиси незамислива фотографија, а сепак комплетно природна. Тоа е првата вистинска фотографија која победи на натпревар за ВИ.“

„Се надевав дека овие индустриски професионалци и исто така публиката ќе најдат дека оваа насока кон АИ и неговите етички импликации ги надминува етичките импликации на измама на гледачот, што, се разбира, е иронично бидејќи тоа е она што го прави ВИ.“

Лили Фирман, директорката на Creative Resource Collective, која го организираше натпреварот, изјави дека нема „лоши чувства“ и дека фламингото на  Астреј ќе биде почетна точка за дискусија за употребата на ВИ.

Извор: Telegraph

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.