Како работата да не ви биде приоритет и да уживате во животот

Џоди Велман, експерт за позитивна психологија, била извршен директор цели 17 години, но сфатила дека постигнувањето успех на работа не и донело никаква радост.

kako-rabotata-da-ne-vi-bide-prioritet-1520-fi

Извор: Freepik / EyeEm

„Бев, како и многу луѓе, ориентирана кон работни достигнувања. Го поврзував моето чувство за самопочит со она што го работам, колку произведувам, што пишува на мојата визит-карта и се чувствував како да сум заглавена во стапицата на успехот, особено на крајот од мојата корпоративна кариера“, кажа Велман.

Таа неодамна ја основаше платформата Four Thousand Mondays и е автор на You Only Die Once. Претходно таа имаше извршни позиции во компании како што се The Sports Clubs of Canada и Balli Total Fitness, пишува CNBC.

И покрај тоа што имала висока позиција на работа, таа се чувствувала како да се наоѓа во ќорсокак.

„Веројатно стигнав до крајот на она што можев да го направам во таа компанија. Немав шанса да направам повеќе“, вели таа.

Велман рече дека целиот нејзин идентитет почивал на нејзината кариера, а чувствата на безнадежност и страв биле зголемени како резултат. Она што таа го сфати е дека го занемарила секој друг аспект од нејзиниот живот.

Burnout на работа? Не сте единствени! 

Што ако работата е само дел од вашиот живот?

Еден начин да најдете смисла е да ја децентрирате вашата работа и да му дадете приоритет на вашиот живот надвор од работата.

„Што ако работата е само дел од вашиот голем живот? Мораме да вложиме малку повеќе напор за да изградиме живот надвор од работата што исто така носи смисла“.

Таа објасни дека луѓето немаат многу време на работа каде од нив се очекува да ги исполнат повеќето задачи и обврски.

Наместо тоа, тие можат да ги изберат активностите што ги прават во нивниот живот надвор од канцеларијата. Ова може да вклучува започнување ново хоби, приклучување кон фитнес класа, волонтирање или пријавување на интересен курс.

Ова го намалува притисокот да најдете смисла и радост исклучиво преку вашиот работен живот.

kako-rabotata-da-ne-vi-bide-prioritet-1520-ps1

Извор: Freepik / Drazen Zigic

Не можеме сите да го промениме светот

Постои културно очекување дека работата треба да биде „семоќниот систем за испорака“ за целта и смислата на животот, но тоа не е точно, вели Велман.

„Многумина од нас бараат нешто невозможно. Така, обидувајќи се да најдеме работа што ќе нè осветли, ќе ги искористи сите наши таленти, ќе нè тера да се чувствуваме како да оставаме белег на светот и плаќа одлично, а работата едноставно не е дизајнирана за тоа, за жал“, истакна таа.

Таа објасни дека повеќето луѓе се под притисок да имаат „голема и грандиозна цел што го менува светот“ преку нивните кариери, поради што забораваат да го живеат сопствениот живот надвор од работа. Луѓето треба да се фокусираат на менување на сопствените светови и правење смисла на животите околу нив.

Велман рече дека една многу успешна жена со која разговарала за нејзината книга открила дека нејзината цел во животот била да го подигне духот на луѓето кога разговарале со неа.

Друго лице со кое разговараше рече дека сака да биде најдобар вујко, бидејќи нема свои деца и неговата работа е просечна.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.