Компанијата Kaspersky го објави својот годишен извештај за најпопуларните детски интереси и хобија за да им помогне на родителите подобро да ги запознаат навиките на своите деца. Најновата анализа се заснова на анонимизирани податоци – прашања за пребарувања на најпопуларните апликации за Android и Windows – доброволно поднесени од корисниците на Kaspersky Safe Kids. Оваа година беа анализирани податоци за мобилни (Android) и десктоп платформи (Windows).
Експертите на Kaspersky се обидоа да ги објаснат најновите трендови во онлајн светот за да им помогнат на родителите.
Апликации
Децата најмногу користат YouTube. Дури 28% од вкупното време поминато на екранот е на оваа платформа, а потоа следат TikTok (14,7%) и WhatsApp (14,6%). Инстаграм се најде на четвртото место со удел од 9%.
Инфлуенсери
Гејмерски инфлуенсери – Блогерите чија содржина главно е посветена на игри доминираат во пребарувањата на платформата YouTube. Оваа категорија главно се состои од пренесувачи и рецензенти. Најпопуларните гејмерски инфлуенсери во светот се: SSundee, Aphmau, KreekCraft.
Меѓу другите групи на инфлуенсери, се издвојува MrBeast, исклучително популарен јутјубер, познат по своите раскошни предизвици и подароци. Со повеќе од 260 милиони следбеници на неговиот главен канал, неговата содржина е преведена на различни јазици. Во моментов ја носи титулата најпопуларен блогер меѓу децата.
Трендови
Децата во претходната година на платформата YouTube најмногу го пребарувале следново:
- Gegagedgedagedago – Мемето „Gegagedigedagedago“ оваа година експлодира од популарност, особено кај децата. Овој тренд вклучува анимирани намирници кои пеат со машки лик од Roblox, поставени на мелодијата на „Cotton Eye Joe“ од Rednex. Чистата апсурдност и заразност го направија хит, бидејќи ја комбинира надреалната привлечност на дигиталниот хумор со заразната енергија на добро позната песна.
- ASMR – Помладата публика е особено привлечена од „ ASMR-видеата во кои се јаде“, како ова. Покрај звуците на џвакање и голтање храна, децата уживаат и во слушањето други ASMR содржини, како дожд или ритмичко тапкање по различни предмети. Ваквата содржина продолжува да ги фасцинира децата. Овие звуци обезбедуваат релаксирачко бегство и можат да помогнат да се намали стресот, што ги прави омилени звучни активности за децата.
- Gacha Life – Иако видеата на Gacha Life опаднаа во популарност оваа година, тие сепак го привлекуваат вниманието на децата со нивниот уникатен спој на анимација и раскажување приказни. Gacha Life е популарна игра која им овозможува на играчите да креираат и приспособат карактери во аниме стил, а потоа да создаваат сцени и приказни користејќи ги овие ликови. Некои примери може да погледнете тука.
Извор: Freepik
Музика
Најпопуларни жанрови:
- Phonk – Овој жанр останува популарен кај помладата публика. Phonk музиката комбинира елементи на Мемфис рап од 90-тите со модерна електронска музика, создавајќи карактеристичен, lo-fi и често носталгичен звук. Примери за Phonk музика можете да најдете тука.
- Nightcore – Овој музички тренд се карактеризира со забрзување на оригиналните песни за околу 10-30 проценти, давајќи им високи тонови, често слични на аниме вокалите и побрз ритам. Миксовите Nightcore неодамна се здобија со популарност меѓу децата поради нивниот енергичен и возбудлив амбиент. Некои миксови можете да погледнете овде.
Омилени уметници:
- Оливија Родриго е американска пејачка, која првично се стекна со признание како актерка во телевизиските емисии на Дизни. Нејзините песни ги привлекуваат слушателите, затоа што се занимаваат со теми со кои многу можат да се идентификуваат, како што се проблеми во врската, самооткривање итн.
- Тејлор Свифт продолжува да биде популарна меѓу децата, благодарение на нејзините заразни мелодии и приказни во песни кои опфаќаат различни музички жанрови.
Филмови и цртани филмови
Филмови
- „Rockdog 3“ е едно од најчестите пребарувања од децата. Овој трет дел од серијата Rockdog ги следи понатамошните авантури на Боди, тибетскиот мастиф, кој сонува да стане рок-музичар додека се соочува со нови предизвици и патем остварува пријателства.
- „Kung Fu Panda 4“, објавен во март 2024 година, беше особено очекувано пребарување. Ги прикажува понатамошните авантури на пандата По – мајсторот за боречки вештини.
Цртани филмови
- „My Story Animated“ се издвојува како популарен канал кој создава кратки, анимирани приказни засновани на искуства од реалниот живот, користејќи привлечни визуелни елементи за прикажување на ситуации со кои гледачите лесно се поистоветуваат и емотивни патувања привлечни за сите возрасти.
- „Hazbin Hotel“, анимирана веб-серија позната по својот мрачен хумор и уникатен уметнички стил, која го истражува животот на Чарли, принцезата од пеколот, додека таа се обидува да ги рехабилитира демоните за да ја намали пренаселеноста во нејзиното кралство. Таа е комбинација од остар хумор и возбудлив лик кој го води заплетот.
Игри
И понатаму најпопуларните игри се:
- Fortnite: Оваа игра ги става играчите еден наспроти друг во битка
- Minecraft: Игра која им овозможува на играчите да градат и истражуваат пикселирани светови направени од блокови.
- Brawl Stars: Игра со брзо темпо каде играчите се натпреваруваат во различни режими да собираат скапоцени камења (валута на играта) и постигнуваат цели.
- Roblox: Платформа која им овозможува на корисниците да креираат и играат игри направени од други корисници, поттикнувајќи огромна заедница на креатори.
- Genshin Impact: Акциона игра позната по своите авантури во отворен свет и богато развивање на карактери.
Извор: Freepik
„Во денешно време, од клучно значење е родителите да бидат свесни за активностите што ги прават нивните деца на интернет. Алатките како Kaspersky Safe Kids им помагаат на родителите да ги следат онлајн активностите на нивните деца, што е клучно за ефективно дигитално родителство. Оваа програма помага да се воспостават релации кои обезбедуваат безбедно искуство на интернет за најмладите корисници. Таквиот пристап ни помага да создадеме средина за поддршка, која ги вреднува интересите на децата и истовремено ги штити од онлајн ризици“, коментира Ана Ларкина, специјалист за веб-содржини и аналитичарка во компанијата Kaspersky.