Burnout на работа? Не сте единствени! 

burnout-na-rabota-1297-fi

Извор: Freepik / prostooleh

Во најновата книга „Burnout Immunity“, Кенди Виенс, директорка на програмата за магистерски студии за медицинско образование на Универзитетот во Пенсилванија, зборува за хроничниот стрес и отпорноста. 

Според неа, „најпотценетата“ вештина на успешните луѓе за спречување burnout е тактиката како одговор на стресот да го користат пристапот „предизвик“ наместо природната реакција на „бори се или бегај“. 

Веројатно сте запознаени со реакцијата „борба или бегство“ како одговор на стресни ситуации што особено се случува кога ќе се соочите со закана. Во таква состојба, вашето тело е спремно да се бори, ослободувајќи хормони како адреналин и кортизол. 

Ова е нормална реакција на телото кога вашиот живот е загрозен, но дефинитивно е претерана кога „заканата“ е краток рок за проект или претпоставените на работа, објаснува Виенс за CNBC Make It

Нашите тела, како што објаснува таа, често имаат потешкотија да прават разлика помеѓу вистинските и перципираните закани, што може да доведе до постојана состојба на анксиозност или претерана реакција. 

Стрес како предизвик 

Тоа што ги издвојува успешните од сите останати, е тоа што стресните ситуации ги третираат како предизвици кои можат да се пребродат наместо да преминат на режимот „бори се или бегај“. Виенс ја открила оваа корелација проучувајќи луѓе кои напредуваат во средини со висок стрес, вклучувајќи извршни директори и шефови на полиција. 

Практикувањето на овој алтернативен одговор може да ја зголеми вашата отпорност на стрес и за возврат, да доведе до подобро здравје, емоционална благосостојба и продуктивност на работа, дури и за време на периоди на висок стрес. 

Изградба на самосвест – прв чекор во отповикување на реакцијата „борба или бегство“ 

„Кога сме соочени со стрес што е надвор од наша контрола, создаваме приказни во нашата глава за да се справиме со непознатото, што може да доведе до многу самокритика и катастрофално размислување“, наведува Виенс. 

Но, отпорните, успешните луѓе ги предизвикуваат своите претпоставки. Тие се во состојба да го прекинат негативниот след на мислите и да се запрашаат: „Што е овде вистината и кои претпоставки ги изнесувам за ситуацијата?“ 

На пример: Ако во вашата фирма е најавено реструктурирање, можеби ќе се загрижите дека ќе го изгубите работното место – тоа е оправдана загриженост, но ако се фокусирате на тоа, нема да се чувствувате подобро, тврди Виенс. 

Предизвикот како одговор на ситуацијата може да ве мотивира да го прашате вашиот менаџер дали вашата позиција е во опасност. Во зависност од неговиот одговор, ќе знаете кои можности постојат за вас во другите сектори на организацијата или ќе добиете совет да барате нова работа на друго место. 

burnout-na-rabota-1297-ps1

Извор: Freepik / drobotdean

„Согледувањето на стресните ситуации како предизвици, а не како закани, може да ви помогне да размислувате за стресната ситуација со јасен ум и подобро да ги решавате проблеми, за разлика од загриженоста за лоши исходи кои сè уште не се случиле“, открива Виенс. 

Прашања 

За да го научите вашето тело да одговара со предизвик на заканата, Виенс препорачува да си поставите одредени прашања следниот пат кога ќе бидете под стрес на работа: 

„Кои се моите предности во оваа ситуација?“ 

„Кои ресурси ги имам?“ 

„Како сум се справил/а со слични стресни ситуации во минатото?“ 

Размислувајќи за стресорот како за предизвик, повторно го обучувате вашиот мозок да се фокусира на позитивното: чувството на постигнато или наградата што ќе ја имате кога ќе успеете. 

Предизвик тактиката влијае на вашиот кардиоваскуларен систем, но наместо како„борба или бегство“ да ги стеснува крвните садови, вашите крвни садови се шират, праќајќи повеќе кислород во вашиот мозок и мускули. 

И двата тактики може да предизвикаат тахикардија пред да одржите презентација или да започнете тежок разговор со вашиот претпоставен, но запомнете дека вашето тело се обидува да ви даде повеќе енергија за да успеете. Искористете го тоа на најдобар начин. 

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.