Како прекумерната самодоверба може да ја саботира вашата кариера и компанија

Бројни истражувачки студии покажуваат дека помеѓу 70% и 90% од аквизициите не успеваат да додадат вредност на компаниите што ги преземаат.

samodoverba-2436-fi

Извор: Freepik

Истражувањата исто така покажуваат дека високата стапка на неуспех главно се припишува на когнитивниот проблем кој Даниел Канеман, авторот на книгата „Thinking Fast and Slow,“ го наведува како најштетен од сите: прекумерната самодоверба.

Прекумерната самодоверба е уште еден причинител за падот на перформансите со текот на времето. Успехот има тенденција да ја зголемува самодовербата, а колку подолго успехот се одржува, толку е поголем ризикот од прекумерна самодоверба. И ова не важи само за аквизициите. Истражувачите спроведоа обемна емпириска анализа за успехот и неуспехот на стратегиите на неколку илјади најголеми светски компании. Нивните наоди покажуваат дека „колку повеќе расте вашата самодоверба, толку е поголем ризикот да дојдете до погрешни заклучоци“. Или, со зборовите на Бил Гејтс: „Успехот е лош учител. Ги наведува паметните луѓе да мислат дека не можат да изгубат.“

Најлошото нешто во врска со прекумерната самодоверба е тоа што е проклето тешко да се знае кога сте ја преминале границата од здрава самодоверба кон ароганција. Покрај тоа, покажувањето висока самодоверба е моќна предност во бизнисот бидејќи ги наведува луѓето да ве сметаат за покомпетентни, што може да ве направи повлијателни, пишува Fast Company.

samodoverba-2436-ps1

Извор: Unsplash

Страв од несигурност и самодоверба

Се чини дека привлечноста на самодовербата е вградена во нашиот мозок. Истражувањата покажуваат дека кога ќе сретнеме некој кој зрачи со самодоверба, се стимулира делот од нашиот мозок поврзан со чувството на позитивни емоции, вентромедијалниот префронтален кортекс. Научниците претпоставуваат дека сме еволуирале за да се плашиме од неизвесност, а луѓето со самодоверба се чини дека имаат добра причина да бидат сигурни во себе.

Џорџ Паз потсети дека еден од најважните совети што ги добил во кариерата бил: „Најлошото нешто што можете да го направите е да почнете да верувате во сопствените пофалби.“ Шефот штотуку договорил зделка што го воодушевила Волстрит, а Паз му рекол: „Мора да се чувствуваш одлично!“ Напротив, тој бил претпазлив.

„Подобро е да разбереш,“ му рекол Паз, „дека само ти знаеш колку добро функционира оваа зделка и каде се појавиле недостатоци, за да можеш, кога ќе ја склучиш следната, да видиш каде се направиле грешки и да се фокусираш на нивно исправување. Зашто, ако седиш таму и „пливаш“ во сопствените пофалби, на крајот ќе се удавиш.“

samodoverba-2436-ps2

Извор: Pexels

Функцијата и егото

Во дискусијата за тоа колку е важно да се остане свесен дека посебниот третман повеќе зборува за функцијата отколку за вас, Карл Бас, поранешниот извршен директор на Autodesk, се сеќава: „Кога првпат станав извршен директор, се пошегував дека станав многу позабавен и попаметен.“ Потоа предупреди: „Вниманието што ви се посветува не е заради тоа кој сте, туку заради позицијата.“ Тој сакаше да се вози со јавниот приградски железнички превоз на Сан Франциско, BART, бидејќи таму го „туркаа со лакти,“ додека во канцеларија „сите ви ги држат вратите и се поклонуваат.“

Колку повеќе признанија добивате, толку повеќе тоа може да стане предизвик за вашето его. Тоа е едноставна човечка природа.  

Еден лек за ова е активно да негувате понизност и самодоверба. Професорот од школата Вортон, Адам Грант, пишува во својата книга „Think Again“: „Најпродуктивните и најиновативните тимови не ги предводат лидери кои се само самоуверени или само скромни. Најефективните лидери имаат високи резултати и во самодовербата и во понизноста.“ Како да се постигне вистинската рамнотежа?

Веројатно најдобриот начин е да останете свесни за грешките што сте ги направиле, но и да бидете свесни што сте научиле од нив.

Извор: Bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.