Пакистанка одбиена за работа поради „ВИ детектор“

Трендот на користење на вештачка интелигенција (ВИ) последниве години масовно ги зафаќа социјалните мрежи. Од полагање медицински и правни испити до одржување говори, ВИ толку многу напредуваше што сега може да комуницира со корисниците и да нуди решенија за нивните проблеми.

detector-2461-fi

Извор: Freepik

Сепак, овој технолошки напредок предизвика загриженост за заканата за постојните работни места и прашањето колку навистина е доверлива вештачката интелигенција.

Овој проблем е илустриран со искуството на Пакистанката Дамиша Ирфан, на која ѝ била одбиена можностa за работа, бидејќи „ВИ детектор“ ја означил нејзината „оригинална“ работа како вештачки генерирана.

На LinkedIn, Дамиша, која се занимава со пишување, напиша:
„Ме одбија поради ‘таканаречените’ ВИ детектори. Да, добро прочитавте! Ме одбија за работа, затоа што мојата работа беше означена како вештачка од несигурен ВИ детектор. Иако вложив искрен труд за да создадам оригинална содржина, тој труд беше отфрлен поради ‘измамнички’ ВИ алатки кои не можат точно да ја разликуваат човечката креативност од текстот генериран со вештачка интелигенција“.

Во својата објава, Дамиша постави „сериозно прашање“:
„Дали губиме таленти поради несовршените технологии?“ Таа исто така додаде: „Време е да се преиспитаме како ги користиме овие алатки при донесувањето одлуки. Не смееме да дозволиме иновациите да станат пречка за автентичните творци.“

Нејзината објава набрзо привлече многу коментари и реакции, што предизвика дискусија за улогата на ВИ во креативните области. Еден корисник напиша:
„Мило ми е што сè повеќе луѓе зборуваат за овие дефектни ВИ детектори. Овие алатки често претпоставуваат дека само лошата содржина може да биде напишана од човек, додека сè што е квалитетно мора да биде ВИ-генерирано. Зошто веќе ги користиме за професионални цели кога знаеме дека се несовршени?“

Друг корисник го сподели своето искуство:
„Токму така. Неодамна креирав содржина со мала помош од ВИ. Линиите што навистина беа генерирани од ВИ беа означени како човечки, додека мојата оригинална работа беше означена како ВИ-генерирана!“

Трет корисник изрази загриженост:
„Повеќето од овие ВИ детектори ќе означат дури и оригинална содржина како вештачка. Најразочарувачки е тоа што одговорните честопати не ја читаат содржината доволно внимателно за да оценат дали навистина звучи како да е генерирана од ВИ или не. Како можат креаторите на содржини да се заштитат од ваквите обвинувања?“

На крај еден заклучи:
„Тажно е што толку многу зависиме од алатки за проверка на квалитетот на содржината. Grammarly и алатките за читливост ја заменија лектурата. Сериозно ги запоставуваме талентите.“

Извор: Bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.