И вработените и менаџерите можат да работат на зајакнување на меѓусебната врска.
Вработени: Не молчете, побарајте совет, не само повратна информација
Вашиот шеф не може да ви ги чита мислите. Ако чувствувате дека не ве разбираат, дека ве игнорираат или имате неодговорени прашања – разговарајте, порачува Шилк.
Наместо да барате класичен „фидбек“, обидете се да побарате совет. Тоа води кон поискрени и покорисни одговори, советува и познатиот психолог од Вортон, Адам Грант. На пример, ако имате впечаток дека вашиот шеф не знае колку се трудите, можете да кажете:
„Сакам да бидам сигурен/на дека работам на работите што вам ви се важни. Можете ли да ми кажете што мислите дека треба да ми биде приоритет?“
Успешните луѓе ја користат оваа тактика за да избегнат неискрени пофалби или демотивирачки критики, бидејќи ниту едното ниту другото навистина не помага, вели Грант.
Менаџери: Создадете пријатна атмосфера
Лидерите го поставуваат тонот на целата работна атмосфера и ќе ви користи ако направите сè за вашите вработени да се чувствуваат прифатено, вели Шилк.
Таа предлага кратки и едноставни „активности за поврзување“: утринско кафе, брз квиз, интересни прашања пред состанок, сè што може да ви помогне подобро да го запознаете тимот и нивниот работен стил. Во нејзината компанија, Шилк дури и не ја користи титулата директорка. Нејзините вработени знаат кој е шефот, но таа не сака титулата „CEO“ да ги обесхрабри во отворената и искрена комуникација. „Не сакаме луѓето да помислат: ‘Не смеам да зборувам со директорката’“, вели таа. „Јас сум само човек. Титулите се важни надвор, но внатре во фирмата можам да седнам и да работам рамо до рамо со секој член од тимот.“
Извор: bizlife.rs