Вештачката интелигенција вели: време е за нов крај на Титаник!

Една од работите кои обожавателите на класикот на Џејмс Камерон, „Титаник“, никогаш не успеаја да ја преболат е прашањето, дали Џек можел да го преживее потонувањето на легендарниот Титаник, само ако се потрудел малку повеќе да се искачи на пловечката врата што ја спаси Роуз од ледените води.

titanik-4094-fi

Извор: Freepik/ Picasso AI

Дебатата дали Џек и Роуз можеле да се сместат на тaa вратa трае со години. Во анализата се вклучија и самите актери од филмот, Кејт Винслет, која ја играше Роуз, се појави во емисијата The Late Show with Stephen Colbert, каде заедно ја реконструираа сцената за да проверат дали Џек навистина можел да се спаси.

Теоријата стана толку популарна што дури и емисијата MythBusters реши да ја тестира добро познатата сцена и докажа дека со малку напор и правилна распределба на тежината, Џек и Роуз навистина можеле да преживеат заедно. Дури и самата Кејт Винслет, со насмевка призна во гостувањето кај Колбер дека „имало место“, но додаде дека сето тоа е прашање на филмски наратив, а не на логика.

Режисерот Џејмс Камерон, пак, останува непоколеблив: според него, Џек морал да умре за приказната да има тежина и за трансформацијата на Роуз да биде смислена. Во едно интервју изјави: „Ајде да го наречеме тоа уметнички избор.“

Иако фановите знаат дека станува збор за фикција, таа сцена одамна ја надмина самата приказна која стана симбол на романтична жртва, но и вечен пример за судир меѓу логиката и емоцијата. Зошто, иако крајот ни е познат, повторно гледаме со надеж дека овој пат, можеби, Џек ќе се искачи на вратата. Бидејќи, реално, имаше место. И секогаш ќе има место, барем во нашата имагинација.

Вештачката интелигенција ја решава дилемата

Во ерата на вештачка интелигенција, ни „Титаник“ не остана поштеден од коментари. Интернетот го преплавија AI реконструкции на славниот крај, од оние во кои Џек успешно се качува на вратата и преживува, до урнебесни верзии во кои, откако и двајцата ќе стигнат до брегот, Џек решава да ја остави Роуз веднаш штом наполни 26 години во стилот на вистинскиот Леонардо Ди Каприо и неговите познати љубовни „правила“, како што објавија неколку корисници на Инстаграм.

Некои отидоа и чекор подалеку: користејќи алатки како Google Veo, Midjourney и ElevenLabs, создадоа емотивни, речиси филмски завршетоци каде Џек и Роуз живеат среќно до крајот на животот или барем додека секојдневието не ги раздели како ледениот океан од 1912 година.

Зошто, можеби Џек не преживеа во оригиналот, но во AI верзиите на TikTok, YouTube и Reels тие двајца сè уште пловат. На вратата. На интернетот. Во вечноста.

Извор: web-mind.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.