успех

Повеќе

Многу луѓе имаат изразени перфекционистички црти и се гордеат со нив, но постои клучна разлика меѓу перфекционизмот и здравата тежнеж кон успехот. Да се биде насочен кон постигнувања, а не кон совршенство, е многу подобро за менталното здравје и квалитетот на животот. Ако препознавате такви склоности кај себе, важно е да пронајдете стратегии со кои ќе ги надминете, бидејќи перфекционизмот може да го наруши внатрешниот мир, самодовербата и да ви го одзеде задоволството во секојдневниот живот.
Понекогаш е доволно само едно „не“ за човек да почне да се сомнева во себе. Во идејата, проектот или сонот на кој работел со месеци, па дури и со години.
Колку пати досега сте се нашле пред цел што силно ја посакувате, за веднаш потоа во главата да ви се појави налет на сомнежи? Логиката на нашиот мозок во тие моменти често нè заглавува со реченици од типот: „Немам доволно време“, „Не сум подготвен/а“, „Не е вистинскиот момент“ или „Што ако не успеам?“.
Во светот на бизнисот, неуспехот и понатаму се третира како грешка во системот. Нешто што треба да се избегне, скрие или во најдобар случај брзо да се заборави. Во биографиите го нема, во објавите на LinkedIn уште помалку. А сепак, речиси и да не постои сериозна деловна приказна која не го искусила.
Амбицијата често се сфаќа како искачување кое води кон повеќе одговорност, поголема видливост и моќ. Но, за сè поголем број млади жени, таа линија веќе не изгледа како пат кон исполнување, туку како пат кон исцрпеност. Феноменот кој се препознава како promotion burnout ја открива суштината на проблемот. Не се работи за тоа дека современите жени имаат помала амбиција, туку дека длабоко ја преиспитуваат цената на тој напредок.
Денес никого не го прави среќен тоа што секое утро се буди во кревет, што наутро има кафе за пиење или автомобил за возење. Луѓето мислат дека тоа се подразбира…
All articles loaded
No more articles to load