Фрази кои успешните луѓе НИКОГАШ не ги користат на работа

Она што понекогаш ги одвојува успешните луѓе од сите други не е тоа што го кажуваат, туку она што не го кажуваат. Можеби ќе сакате да избегнете фрази на работното место кои веројатно би ги збуниле вашите соработници. Фразите како „сакам да сум во тек“ или „само проверувам“, ненамерно може да се звучат како пасивно-агресивни, изјави извршниот директор на Slack, Џејме Деланг, за CNBC Make It 2022. Според извршните директори, психолозите и експертите по лингвистика, најдобрите вработени особено имаат тенденција да се држат настрана од овие три фрази.

frazi-uspeshni-lugje-1888-fi

Извор: Freepik

„Тоа е тоа што е“

Има една фраза што менаџерите и колегите не сакаат да ја слушнат кога се соочуваат со проблем на работа: „Тоа е тоа што е“.

„Луѓето го кажуваат ова кога всушност мислат ‘не ми е гајле’“, изјави Џон Меквортер, автор, лингвист и вонреден професор на Универзитетот Колумбија, за подкастот Unconfuse Me на Бил Гејтс.

Веројатно сте ја слушнале оваа фраза или сте ја користеле и самите – можеби како одговор на дилема или на ситуација што може да се поправи или само треба да се прифати. Сепак, нејзиното користење може да звучи многу пасивно-агресивно кон другите луѓе и да ја поткопа нивната доверба во вас, додаде Меквортер.

Обидете се да ја замените фразата со нешто помалку иритирачко, изјави психологот Кортни С. Ворен за Make It минатата година.

„Морам да ја согледам реалноста таква каква што е, дури и ако не е онаква каква што сакам, за да можам да одам напред“, истакна тој.

„Ова секогаш го правиме вака“

За Џејсон Бухел, извршниот директор на Whole Foods во сопственост на Амазон, најголемото црвено знаме кај еден вработен е кога „некој кој мисли дека го знае одговорот на апсолутно сè“, изјави тој за Make It минатиот месец.

„Понекогаш можев да бидам таа личност во моето минато за одредени работи. И на потешкиот начин научив дека морам да бидам флексибилен, особено во денешниот свет. Барањата на нашите клиенти постојано се менуваат“, откри Бухел.

Директорите на компаниите, од извршниот директор на JPMorgan Chase Џејми Дајмон, до извршниот директор на Amazon Енди Џеси, велат дека ги ценат вработените кои добиваат енергија од учењето нови работи и перспективи и наоѓаат начини да ги применат на работното место. Ова значи дека постои една реченица што може да ги фрустрира извршните директори: „Ова секогаш го правиме вака“.

Спротивно на тоа, да се биде љубопитен и да се прифатат нови можности може да ви помогне да останете ангажирани во вашата кариера и хоби, да ве направи посреќни и да ви помогне подобро да управувате со пресвртите во вашата кариера, покажуваат истражувањата.

„Никогаш нема да можам да го направам ова. Зошто да се мачам?”

Секој од нас во еден или друг момент се соочува со задача која изгледа невозможна. Тогаш може и дополнително се изнеревирате велејќи си: „Никогаш нема да можам да го направам ова. Зошто да се мачам?”

Но, вашиот мозок „може да продолжи да се развива и да се менува до староста“, напиша Ема Сепала, предавач и психолог на Јеил, за Make It во април.

„Можете да ја промените кариерата на 50 години, а можете да почнете да свирите пијано на 80. Можете да научите нови работи во секое време и, со вежбање, можете да станете подобри во речиси сè“, изјави таа.

Наместо да да се измачувате себеси со мислите „не можам да го направам ова“, сменете ја перспективата со помош на вашиот мозок и кажете: „треба повеќе да вежбам“.

Размислувањето за нешто што можете лесно да го направите, а потоа мислење на првиот пат кога сте го направиле тоа, може да ви помогне и да ви даде самодоверба, напиша таа.

„Истото ќе важи и за она што го пробавте за прв пат денес – ако продолжите да се обидувате“, заклучи таа.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.