WhatsApp обработува 1,6 милиони пораки секоја секунда
Секој ден преку WhatsApp се испраќаат околу 140 милијарди пораки, што значи дека секој час се разменуваат околу 5.833 милиони пораки, секоја минута 97 милиони пораки и секоја секунда 1,6 милиони пораки.
Во САД WhatsApp има повеќе од 100 милиони корисници, 50 отсто од Американците ја користат апликацијата секој ден, додека 78 отсто ја користат апликацијата најмалку еднаш неделно.
WhatsApp Business, апликација наменета за деловни корисници, исто така доживува раст.
Повеќе од 50 милиони бизниси користат WhatsApp Business, а апликацијата е преземена преку милијарда пати од Google Play Store. WhatsApp Business може да ја подобри услугата за корисници за 225 проценти и да ја зголеми продажбата за 127 проценти.
WhatsApp е најкористената апликација за мобилни пораки, особено во Индија, Бразил и Индонезија, кои имаат соодветно 487,5 милиони, 148 милиони и 112 милиони корисници.
Цукерберг: Повеќе од 100 милиони месечни активни корисници во САД
Извршниот директор на Meta, Марк Цукерберг, во четвртокот на својот канал изјави дека WhatsApp сега има повеќе од 100 милиони месечни активни корисници во САД, каде што испраќањето пораки е популарна форма на комуникација.
Ова е прв пат WhatsApp да објави податоци за корисници во САД. Компанијата, исто така, забележа дека повеќе од 50 отсто од корисниците на WhatsApp користат iPhone, што не е изненадувачки со оглед на тоа што iOS има мнозински удел на пазарот во таа земја.
WhatsApp е популарна апликација ширум светот, со повеќе од 2 милијарди активни корисници месечно. Компанијата историски се фокусираше на земји како Индија, која е најголемиот пазар на WhatsApp со повеќе од 500 милиони месечни активни корисници, како и Бразил и Индонезија, објави Tech Crunch.