Имаат ли нешто заедничко малите претпријатија во САД и Македонија? 

Нова студија во САД стигна до интересни сознанија истражувајќи ги заедничките карактеристики на милионите мали претпријатија.

mali-pretprijatija-1294-fi

Извор: Envato Elements

Истражувањето на Pew Research Center ги анализира податоците од Бирото за попис на населението поврзани со 33 милиони мали претпријатија низ САД. Студијата ги дефинирала „малите претпријатија“ како фирма со помалку од 500 вработени, со најмалку една локација. 

Во извештајот, малите претпријатија во голема мера делат една заедничка карактеристика: ретко имале вработени. Всушност, 27 милиони, или околу 82 проценти, немале вработени, а околу 3 милиони претпријатија со вработени имале само едно до четири лица на платниот список. 

Сепак, малите претпријатија во 2021 година вработувале 56,4 милиони луѓе и оствариле повеќе од 16,2 милијарди долари приходи, пишува Entrepreneur. Претпријатијата со повеќе од 100 вработени, оствариле поголем дел од приходите, иако тие претставувале помалку од 1 процент од вкупната слика. 

Наспроти стереотипите, не се работи за семејни бизниси 

Исто така, според истражувањето, повеќето мали претпријатија не се семејни бизниси. Едно од 10 претпријатија во САД било во сопствеништво и менаџиранo од сопружници, а само 27 проценти биле во семејна сопственост. 

Дури 95 проценти од сопствениците на мали и претпријатија изјавиле дека не работат како франшиза. Скоро три од пет, опстојуваат најмалку шест години, а 15 проценти работат повеќе од четврт век. 

Јавноста има позитивна перцепција на малите претпријатија. Според друго истражување, 86% од Американците сметаат дека малите претпријатија имаат позитивно влијание врз  економијата. 

Ако ја погледнеме пошироката слика повеќе од 80 проценти од 1.300 анкетирани мали претпријатија во САД, Австралија, Обединетото Кралство и Канада изразиле загриженост за тоа како економската клима ќе влијае врз нивниот бизнис оваа година. 

mali-pretprijatija-1294-ps1

Извор: Envato Elements

Малите претпријатија во Македонија 

Според последните официјални статистички податоци микро до 10 вработени, малите до 50 вработени и средните претпријатија имаат доминантно учество од 99,6% во вкупниот број на активни деловни субјекти во Македонија, и воедно се најголеми работодавачи, опфаќаат околу 70% од вкупниот број на вработени лица. Од друга страна учеството на ММСП во додадената вредност која се креира во земјата е со многу помал процент во вкупната додадена вредност споредено со големите компании. 

Микро, малите и средните претпријатија во Македонија се соочуваат со ограничени ресурси, препреки од актуелните закони и политики, ограничен пристап до финансии и до услуги за развој на бизнисите, недостаток на дигитални вештини и дигитално квалификувана работна сила, несоодветна инфраструктура и регулаторни ограничувања заедно со недостиг на менаџерски способности. 

Според истражувањето на Бизнис Конфедерација на Македонија дури 42 проценти од микро и малите претпријатија наишле на некакви правни бариери кои ги попречуваат во примената на дигиталните технологии, а 61 процент веруваат дека неформалната економија може да се намали со дигитализација на работењето.  

Микро, малите и средни претпријатија и покрај мерките за олеснување беа најпогодени и многу од нив згаснаа во ковид кризата.  

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.