Но, ова не е обичен технолошки настан. Ова е патување низ иднината каде границите помеѓу човекот и машината полека исчезнуваат, а новите светови се отвораат пред нас. Што всушност значи да се организира нешто толку револуционерно? Како изгледа предизвикот на организирање на самит на меѓународно ниво? Што може да очекуваме од овогодишниот AI Tech Summit кој ќе ја остави публиката без здив?
Разговараме со Филип, умот кој стои зад овој настан, за неговите лични искуства, предизвици и визија за иднината.
AI Tech Summit се одржува по втор пат во Македонија, а пред само неколку месеци се одржа во Малага. Што ви беше најголемиот личен предизвик при организирањето на овој настан? Постои ли момент што ве натера да размислите на поинаков начин за вештачката интелигенција и нејзините можности?
Токму така, второто издание на AI Tech Summit се одржа во Малага, што воедно беше мој прв личен настан како организатор на меѓународно ниво. Организирање на настан со повеќе од 500-ина посетители во друга држава, без физичко присуство на самото место за подготовките, навистина беше едно огромно искуство за мене лично, но и за целиот тим на AI Tech Summit. Сепак инфраструктурата во Малага и поддршката од градот, п и лично од градоначалникот на Малага кој го отвори самитот беше од непроценливо значење.
Презентацијата на директорот за вештачка интелигенција на ФК Барселона, па и разговорот со него после презентацијата ми отвори некои други погледи и впрочем каде се може вештачката интелигенција да се користи и помогне во сите сфери на организација на компании, институции и организации од секаков тип.
Како што технологијата напредува, така и нашите очекувања растат. Што е она што го ветувате за овогодишниот AI Tech Summit што ќе ги „помести границите“ и ќе остави присутните без здив?
AI Tech Summit, е најголемиот регионален настан на тема вештачка интелигенција. Самата листа на говорници па и делегати од компаниите кои ќе учествуваат е импресивна, така што оваа година за разлика од минатата, мислам дека и нашите, па и регионалните компании се поподготвени да бидат дел од еден ваков самит и токму затоа интересот е огромен и затоа настанот е веќе распродаден.
Покрај технолошките иновации, AI Tech Summit често претставува и можност за поврзување на умови од различни индустрии. Каква мрежа на учесници и компании можеме да очекуваме оваа година, и како планирате да ги поттикнете креативните соработки меѓу нив?
Во суштина вмрежувањето е најголемата придобивка од ваквите настани. 700 учесници од најдобрите компании во регионот буквално од сите индустрии на едно место разменуваат искуства на полето на вештачката интелигенција и да слушнат како светските гиганти ја користат вештачката интелигенција за подобрување на процесите во своите организации. За време на настанот предвидени се паузи за вмрежување како и многу забава по завршување на настанот.
До пред една година на AI гледавме со скептицизам и како нешто апстрактно и далечно. Денес, нема кој да не слушнал или не користи некаков вид на вештачка интелигенција при секојдневната работа. Како овој Ai TechSummit ја донесе вештачката интелигенција поблиску до секојдневието на просечниот човек и кои се реалните придобивки што ги носи за граѓаните?
Самиот момент што говориме на оваа тема кажува дека барем во еден дел сме успеале да ја доближиме темата до јавноста. Можеби засега темите од самитот се поблиску до експертската јавност, но потоа експертската јавност ќе има своевидна задача да ја доближи до обичните граѓани. Впрочем и јас лично изминатата година имав можност да комуницирам со безброј експерти на оваа тема и се здобив со огромно знаење и чувствувам должност да истото го пренесам до јавноста. Ќе завршам со еден коментар од еден близок соработник којшто имаше пофални зборови „Обично кај нас светските трендови каснат 5-10 години а вие се потрудивте на оваа револуционерна тема да држиме чекор со светот, па и да бидеме регионални лидери“
Во време кога AI постојано се менува, како мислите дека вештачката интелигенција ќе влијае врз нашите секојдневни одлуки и начинот на живеење? Што Summit-от ќе донесе во однос на овие промени?
Растот на развојот на вештачката интелигенција е експоненцијален и буквално и најголемите светски експерти не можат да направат процена каде ќе се движи. Моја лична процена е дека толку ќе биде навлезена вештачката интелигенција во нашите животи, всушност истата ќе биде вградена во сите електронски уреди што ги поседуваме. Врвот на развојот би требало да се постигне со постигнување на вештачката генерална интелигенција „AGI“ односно вештачка интелигенција која може да учи, размислува и дејствува како што тоа го прават луѓето
AI често е перципиран како алатка на иднината, но дали верувате дека вистинските херои на овој технолошки напредок се луѓето зад сцената? Кој е вашиот поглед на улогата на луѓето во развојот на AI?
Нормално дека развој на вакви технологии бара огромна поддршка од огромен број луѓе зад сцената и не само во моментот, него низ годините. Исто така и правењето на оваа технологија достапна преку така наречените „LLM“модели како Chat GPT, буквално нè вклучи сите нас да учествуваме во тренирање на вештачката интелигенција и нејзин рапиден напредок. Луѓето се најважниот фактор во создавањето на вештачката интелигенција, но исто така ќе бидат главен фактор во која насока ќе се движиме од општествен аспект и како етички ќе ја користиме оваа многу моќна алатка.
Многу често AI се врзува со етика и приватност. Дали на овој Summit ќе се отвори темата за моралната одговорност во развојот на AI и како планирате да ја третирате оваа сложена тематика?
Нормално дека таа е една од главните теми. Вештачката интелигенција ќе напредне до ниво кое нема да може да се контролира доколку ние како општество не поставиме етички па и законски рамки за употреба на истото. За жал употребата на вештачката интелигенција ќе зависи од луѓето. Од нас зависи дали ќе ја искористиме за напредок на човештвото и за решавање на проблемите креирање на утописки свет или пак ќе креираме нови конфликти и ќе продолжиме со самоуништување.
Доколку треба да го опишете AI Tech Summit со три збора што би инспирирале секој човек да дојде, кои зборови би ги избрале и зошто?
Тука ќе морам да ги кажам 3-те главни постулати на AI Tech Summit, а тоа се:
Поттикнување на иновации:
Ние ги собираме најголемите светски умови и професионалци за да ги поттикнеме иновациите во нашето општество, да ги поместиме границите на технологијата, истражувајќи нови идеи, во областа на вештачката интелигенција (AI).
Вмрежување:
Цврсто веруваме во огромната моќ на соработката и вмрежувањето. Самитот обединува професионалци со слични идеи и експерти со цел воспоставување партнерства и споделување знаења, поттикнувајќи нови идеи и соработки.
Обликување на иднината:
Нашата посветеност во вклучување во дискусијата за етичките и практичните импликации на вештачката интелигенција и технологијата во нашето постојано обликување на општеството. Самитот е платформа за жешки дебати, учење и стратешко размислување за влијанието на AI врз нашиот свет.