Оваа промена значи дека современиот маркетинг денес се потпира на пет канали, не само на еден или два.
1. Видливост во AI пребарување
Милиони купувачи денес откриваат производи и услуги преку ChatGPT, Perplexity и Gemini. Ако AI моделот не ве цитира кога купувачот поставува релевантно прашање, вие сте невидливи токму таму каде што се донесува одлуката. Ова е најновиот канал на листата и оној за кој речиси ретко кој има изградено вистинска стратегија.
2. SEO и органско пребарување
Веста дека SEO е „мртов“ е претерана и не се сложувам со тоа. Google сè уште обработува околу 13–14 милијарди пребарувања дневно. Сепак SEO-то останува најисплатливиот канал во маркетингот, содржина која е еднаш добро изградена, продолжува да носи резултати со години. Исто така, станува основа за каналот погоре: AI моделите учат од и се потпираат на содржина која веќе добро се рангира органски.
3. Брендирање и позиционирање
Јасното позиционирање го прави секој друг канал поефикасен, со помалку напор. Ова е уште поважно во морето на пребарување воден од AI отколку порано: AI системите обично препорачуваат брендови кои можат чисто да ги опишат во една реченица. Ако вашето позиционирање е нејасно, AI моделот не може да го сумира и нема да го препорача.
4. Стратегија за содржина
Денес, содржината создадена лично од основачот на бизнисот или вработените носи голем ефект за повеќето компании. Едукативните објави и кратките видеа не исчезнуваат откако ќе бидат објавени, напротив тие имаат ефект и носат резултати со месеци, дури и со години наназад. Рекламите функционираат поинаку: штом буџетот ќе се истроши, ефектот исчезнува веднаш. Разликата е многу едноставна, содржината е инвестиција која трае, додека рекламата е трошок кој се плаќа одново и одново, слично на закупнина.
5. Платени кампањи и перформанси
Платените реклами и понатаму се важни, но важно е на другата страна да имате добра основа, оптимизиран сајт, структурирана содржина и активни канали. Клучно е постојано да ги анализирате резултатите: колку ве чини секој добиен клиент, од каде точно доаѓа и дали таа бројка го оправдува понатамошно трошење. Тестирајте различни реклами, следете што дава резултати, а што не, и прилагодувајте според тоа. Само така имате вистинска контрола врз буџетот и знаете точно каде и за што ги трошите парите, наместо парите едноставно да исчезнуваат.Каде застануваат повеќето бизниси
Повеќето компании се фокусираат само на еден или два од овие пет канали и таму запираат. Пуштаат реклами без јасно позиционирање зад нив. Објавуваат содржина без никаква стратегија за органско пребарување. Вистинската предност денес се крие токму кај AI пребарувањата. Компаниите што први ќе се снајдат тука, ќе бидат препознаени и цитирани, а сите останати ќе бидат ставени во ист кош со конкуренцијата, генерички опишани или воопшто нема да бидат спомнати.
Маркетингот денес не значи само да објавуваш содржина и да се надеваш дека некој ќе ја забележи. Тоа се пет меѓусебно поврзани канали, видливост во AI пребарувачите, SEO, брендирање и позиционирање, стратегија за содржина и платени кампањи кои функционираат добро само заедно, надополнувајќи се еден со друг.
Прашањето не е дали AI пребарувањето ќе го промени начинот на кој купувачите ве наоѓаат. Тоа веќе се случува. Прашањето е дали вашето име воопшто ќе биде во игра.