Како да заработите милијарди со 0 трошок за рекламирање?

Не е важно колку години имате, каков моден стил преферирате или дали сте женско или машко. Веројатноста да не сте посетиле продавница на Zara е 0, што е исто толку колку што оваа компанија инвестира во својата рекламна стратегија.

И не, тоа не е шега.

zara marketing

Извор: Pexels / Burak Başgöze

Zara е еден од најуспешните модни брендови во светот, па затоа е сосема невообичаено компанијата да нема конвенционален маркетинг. Иако основачот на Zara, Амансио Ортега, е еден од најбогатите луѓе во светот, а продавниците на Zara се најпрометни во сите трговски центри, компанијата троши само околу 0,3 проценти од приходите на рекламирање. Ајде да видиме што се случува зад кулисите.  

Приказната на Zara е прилично долга, па дури и и нејзините тврдокорни обожаватели навистина не знаат многу за тоа како настанал овој бренд. Можеби тоа е дел од нејзината стратегија. Zara е шпански бренд основан во 1975 година од Амансио Ортега и Росалија Мера. Првата продавница нудела евтини производи слични по изглед на популарната, поквалитетна облека.

Во 1985 година, Ортега разви нов процес на дизајн, производство и дистрибуција за да го скрати времето на испорака и побрзо да одговори на новите трендови, кои тој ги нарече „инстант мода“.

Во текот на следната деценија, Zara започна агресивно да се шири на глобалните пазари. Денес, оваа компанија за облека има речиси 3.000 продавници, вклучувајќи продавници за жени, мажи, деца и за домот. Zara има продавници во 96 земји и е водечка компанија на групацијата Inditek 

Основачот на брендот, Амансио, никогаш не зборувал со медиумите ниту ја промовирал Zara на кој било начин. Така, почитувањето и желбите на клиентите се силно поттикнати од искуството на брендот.

Zara не се рекламира

Zara не се рекламира, што значи дека нема да гледате никакви телевизиски реклами, реклами во весници, билборди или банери на Интернет. Значи, точно е дека Zara троши само 0,3 проценти од приходите на реклами. Но, треба да се забележи дека рекламирањето не е синоним за маркетинг. Zara не користи конвенционални канали за рекламирање, но компанијата се занимава со маркетинг на свој начин.  

Пристапот „одоздола нагоре“ значи дека дизајнот се создава врз основа на непосредни повратни информации од клиентите. Zara ги создава своите производи заедно со своите клиенти наместо да троши буџети за рекламирање. Сè што купувачите ќе пријават се користи за да се направат подобри производи. На овој начин, брендот ја гради лојалноста на купувачите и се потпира на промоцијата која тие ја прават, а тоа е најмоќната форма на маркетинг.

Во 2015 година, една жена по име Мико влегла во продавницата на Zara во Токио и побарала розова марама, но во продавницата немало. Истото се случило речиси истовремено со Мишел во Торонто, Елејн во Сан Франциско и Жизел во Франкфурт, кога сите влегле во продавницата на Zara барајќи розови марами.

7 дена подоцна, повеќе од 2.000 продавници на Zara ширум светот почнале да продаваат розови марами и повеќе од 500.000 розови марами биле распродадени во рок од 3 дена.

Каде вообичаено се наоѓаат продавниците на Zara?

Ако некогаш сте обрнале внимание, продавниците на Zara секогаш се наоѓаат во трговските зони на прометните улици во големите метрополи. Затоа Zara инвестира во локациите и атрактивноста на своите продавници, а не во нивното рекламирање. Во секој голем град Zara може да се најде покрај големите брендови како Louis Vuitton, Armani или Gucci, иако нивната облека е многу поскапа.

Уште една работа што го прави препознатлив креативниот пристап на Zara се впечатливите пози на моделите. Производите на Zara секогаш ги претставуваат непознати модели во различни, не толку вообичаени пози, кои го привлекуваат вниманието на луѓето и ги тераат да зборуваат за нив. Сето ова е дел од сеопфатната стратегија на Zara, која на овој начин ја нагласува автентичноста на брендот и истовремено ја зголемува свесноста за него. Така, кога ќе видите модел во облека на Zara, благодарение на посебните фотографии и пози, вие знаете дека тоа е Zara  уште пред да го забележите брендот.  

Дали знаевте дека Zara аранжира 150.000 излози годишно? Поради својата филозофија на брза мода, излозите постојано се менуваат, бидејќи тие ја играат најважната улога во претставувањето на колекциите. Со аранжирање на незаборавни и уметнички излози на секои две недели и два дополнителни излози за време на летната и зимската распродажба, Zara се поврзува и комуницира со своите клиенти. Зад кулисите, тим од врвни невромаркетари и други експерти за аранжирање на излози тестираат и модифицираат бројни варијации за да го добијат конечниот изглед на излогот, кој потоа се шири низ продавниците ширум светот.

zara prodavnica

Извор: Pexels / Aljona Ovtšinnikova

Уште од самиот почеток, Zara е еден од најпопуларните брендови меѓу своите клиенти благодарение на способноста да ги следи брзите модни трендови, или како што велат, да произведува „тазе печена облека“. Zara ги следи модните трендови и стилови, создава нови дизајни и ги пласира во продавниците во рок од една или две недели, додека на другите модни брендови им требаат околу шест месеци. Благодарение на својата брза, елегантна и достапна облека, компанијата е во можност да ги надмине своите конкуренти.

Во што е тајната?

Тајната на стратегијата на Zara за рекламирање без никаков трошок лежи во севкупната стратегија на брендот. Zara од самиот почеток се грижеше да го изгради својот бренд врз основа на вредностите на своите идеални купувачи. Модната компанија е насочена кон луѓе кои имаат изграден стил и ги следат трендовите, нудејќи им ја најмодерната облека во моментот кога ја бараат.

Затоа, пред да започнете со вашиот бизнис, внимателно погледнете ги вашите конкуренти, нивните силни и слаби страни и вашите идеални клиенти за да ги одредите нивните „слаби“ точки. Врз основа на овие податоци, изберете го најдобриот пристап за градење на вашиот бренд. Ако започнете на овој начин, можеби нема да треба да се рекламирате неколку години.

Бидете кул, делувајте кул и наведете го вашиот бренд на вистинскиот пат уште од самиот почеток. Или, дозволете ни да го направиме тоа за вас.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.