Како дијамантите станаа вечни? 

Дали некогаш сте се запрашале како може еден скапоцен камен да зазеде такво место во популарната култура што никој друг не може да го симне од тронот? Веројатно ќе се изненадите кога ќе слушнете дека „дијамантите станаа вечни“ благодарение на маркетинг кампања.

dijamanti-vecni

Извор: (Freepik / Frimufilms)

Дали некогаш сте се запрашале како може еден скапоцен камен да зазеде такво место во популарната култура што никој друг не може да го симне од тронот? Веројатно ќе се изненадите кога ќе слушнете дека „дијамантите станаа вечни“ благодарение на маркетинг кампања. 

Една жена го создаде сонот на речиси сите други жени, а тоа е баш околу нивниот врат или на нивната рака да сјае дијамант. Пред спиење напишала реченица која ќе стане вечна, исто како овој камен. 

Сите сме ги слушнале фразите: „Дијамантот е најдобар пријател на жената“ од Мерилин Монро, „На големите девојки им требаат големи дијаманти“ од Елизабет Тејлор или „Дијамантот е вечен“ од Мери Френсис Герети. 

Ако не сте запознаени со третата фраза, „Дијамантот е вечен“, тоа е всушност слоганот на една од првите рекламни кампањи за промоција на дијаманти. 

Во текот на изминатите осумдесет години, ниту еден друг скапоцен камен немал толку важна улога во популарната култура како дијамантот. Од веренички прстени до подароци за годишнина, дијамантите се еден од најпродаваните парчиња накит во светот денес. Но, како тие станаа толку популарни? 

Дијамант – синоним за љубов и брак 

Сè започнало во САД по Големата депресија. Со векови, од неговата комерцијализација во 14 век до денес, дијамантот служел како симбол на богатство и супериорност, но дури во средината на 1930-тите каменот станал синоним за љубов и брак. Модерната поврзаност помеѓу дијамантите и љубовта започнала кога Америка почнала да закрепнува од Големата депресија. 

Продажбата на дијаманти стекна нова клиентела кон крајот на 1920-тите и раните 30-ти години, кога некои од најголемите богатства страдаа од рецесијата. Денес, глобалниот пазар на дијаманти вреди околу 65-70 милијарди долари, но до 1939 година, продажбата на дијаманти на големо едвај изнесувала 20 милиони долари.  

image-1

Н.В. Ајер спроведе опширно истражување за ставовите на потрошувачите и откри дека повеќето Американци мислат дека дијамантите се луксуз за ултра богатите. Жените сакаат нивните мажи да ги потрошат парите на машина за перење, или нов автомобил, на сè освен на веренички прстен. Тоа се сметаше за залудно потрошени пари. 

 Рече Герети во 1988 година.

Во 1938 година, De Beers, меѓународна компанија која во тоа време имала суштински монопол во производството и снабдувањето со дијаманти, одлучила да се рекламира за да ја зголеми продажбата. Истражувањето спроведено од една рекламна агенција, сепак, покажало дека дијамантите сè уште се првенствено перцепирани и резервирани за ултра богатите. 

dijamanti-vecni-1032-ps1

Извор: Freepik / Rido81

Дури во доцните 1940-ти, De Beers и нивната агенција го создале својот најпознат слоган. Фразата „Дијамантот е вечен“ напишана од Мери Френсис Герети била комбинирана со кампања наменета за познатите личности во Холивуд, со што станала еден од големите успеси на брендот. Слоганот остана официјално мото на De Beers околу педесет години. 

image-1

Тешко е да се замисли времето кога дијамантските веренички прстени не биле норма; денес, дури и по деценија и пол негативен публицитет за крвавите дијаманти и условите за ископување, 75 проценти од невестите во САД ги носат.

Вели Кенет Гасман, претседател на Институтот за истражување на индустријата за накит.

За неколку години, продажбата на накит од дијаманти се зголемила за 55%. Студијата објавена во 1951 година од страна на рекламната агенција De Beers покажа дека традицијата на дијамантски веренички прстени станува сè посилна. Златарите сега велат дека девојката е верена само ако има дијамантски веренички прстен. 

Во текот на следните триесет години, продажбата на дијаманти изнесувала 2,1 милијарди долари во САД, што ја прави оваа кампања една од најуспешните во историјата на модерното рекламирање. Advertising Age, водечки бренд во рекламната индустрија, го прогласи „Дијамантот е вечен“ за слоган на векот. 

Каде се дијамантите денес? 

Денеска на годишно ниво се ископуваат околу 26.000 килограми дијаманти, а околу 100.000 се синтетизираат. Синтетичките дијаманти се прават во лабораторија со користење на хемиски процеси. Моралните и политичките проблеми поврзани со рударството и зголемената индустриска побарувачка на дијаманти во голема мера ја фаворизираа употребата на синтетички дијаманти, за кои често се смета дека имаат еднаков или речиси еднаков квалитет како рафинираните дијаманти. 

dijamanti-vecni-1032-ps2

Извор: Freepik / Anderson76  

Во 2016 година, извршниот директор на De Beers објави дека глобалната понуда на дијаманти го достигна врвот поради зголемените трошоци за рударство. Вистинските дијаманти, без разлика дали се новооткриени или пронајдени во накит направен пред пронаоѓањето на синтетичките дијаманти, денес се сметаат за поскапоцени од кога било. 

Накратко, дијамантите и понатаму се многу барани во САД и други држави. И додека дијамантскиот веренички прстен продолжува да ја поттикнува продажбата, тековните трендови укажуваат дека веројатноста жените сами да си купуваат накит од дијаманти е поголема од било кога. 

За колекционерите и златарите, овие трендови сугерираат дека дијамантите се одлична инвестиција. Со текот на времето вредноста на секое купено парче (без разлика дали е ново или старо) ќе се зголемува. 

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.