4 стратегии за градење бренд: Зборовите имаат голема моќ

Градењето на сопствен бренд или бренд на компанија, особено ако сте извршен директор или основач, зависи од тоа што правите и како го пренесувате она што сте го направиле.

strategii-za-gradenje-brend-1467-fi

Извор: Freepik / rawpixel.com

Како некој кој се фокусира на градење брендови за претприемачи, директори и старт-апи и создавање влијателни пораки, сопственичката на глобалната компанија за менаџирање со брендови Лирон Гликман добро ја познава трансформативната моќ на зборовите. Според неа, зборовите имаат способност да предизвикуваат емоции и да создаваат врски, а сето тоа директно ги обликува брендовите. Брендовите се развиваат со текот на времето преку пораки кои постојано и намерно ги споделуваат со светот.

Без разлика дали станува збор за привлекување инвеститори или совладување на уметноста на убедување во продажба, овие стратегии ќе ви помогнат да ја искористите моќта на зборовите за да создадете вистински врски, да предизвикате емоции и да додадете вредност на другите.

Вклучете ги емоциите

Кога приказната звучи премногу „глатко“ или премногу „совршена“, најчесто се сомневаме во нејзината веродостојност и не ја паметиме добро, бидејќи не можеме да се видиме себеси во неа или да почувствуваме нешто. Затоа, кога креирате  наративи, погрижете се да покажете ранливост и автентичност и да користите описен јазик што ги вклучува сетилата со универзални теми и вредности. На овој начин можете да им бидете поверостојни на другите.

strategii-za-gradenje-brend-1467-ps1

Извор: Unsplash / Ian Schneider

На пример, наместо да ги објаснувате карактеристиките на производот, споделете приказна што го покажува неговото трансформативно влијание врз животот на клиентот – приказна со која другите можат да се поврзат – и користете емотивни описи. На пример, пред да го користат производот биле фрустрирани и преоптоварени со работа. Меѓутоа, штом го пробале, биле фокусирани и имале повеќе слободно време да се занимаваат и со други аспекти од бизнисот.

Друг пример: еден претприемач кој продава одржлива облека може да раскаже приказна за тоа како нивната еколошка облека ги намалила симптомите на алергија кај чувствителните луѓе откако се префрлиле на тој производ, со позитивно влијание врз животната средина.

Разбудете љубопитност

Будењето љубопитност може да биде моќна алатка за привлекување внимание, споделување знаење во вашиот домен и поврзување со луѓето. Можете да го направите ова со користење на јазик на начин што ќе ја натера другата страна да сака да знае повеќе за вас, па дури и со објавување на социјалните мрежи и поставување прашања што поттикнуваат размислување, без разлика дали се работи за една или повеќе личности,

Во пракса, започнете со презентациите со тоа што ќе поставувате интригантни прашања кои ја поставуваат основата за ангажирање дискусии. На пример, говорникот кој и се обраќа на публиката за иднината на вештачката интелигенција може да праша: „Можете ли да замислите свет каде машините ја надминуваат човечката интелигенција“ или „Дали мислите дека скромноста е релевантна практика на работното место денес?“

Патем, некои зборови како „замисли“ и „што ако…“ навистина можат да ја поттикнат другата страна да размислува на темата и да им го отвори умот за нови можности.

Користете социјален доказ и влијателен јазик

Вклучете сведоштва, студии на случај или успешни приказни за да изградите кредибилитет и авторитет, нагласувајќи го влијанието и вредноста што вашата работа го имала врз другите. Истакнете ги престижните врски, одобрувања или партнерства за понатамошно воспоставување кредибилитет и влијание, пишува Entrepreneur.

strategii-za-gradenje-brend-1467-ps2

Извор: Unsplash / Headway

Презентирајќи успешни приказни за претходни потфати или соработки, ги нагласувате позитивните резултати и стекнувате доверба. На пример, основач на старт-ап може да вклучи цитати од задоволни клиенти или да ги нагласи партнерствата со водечките организации во индустријата за да ја демонстрира вредноста и доверливоста на нивниот бренд.

Приспособете го јазикот на индивидуалните стилови на комуникација

Погледнете внимателно на типовите на комуникација и личност на другите и приспособете го вашиот јазик за да одговара на различни стилови. Кога другата страна чувствува дека го разбирате нивниот свет, таа повеќе се поврзува и ви верува. Користете зборови што се усогласуваат со нивните вредности, мотивации и комуникациски преференции, кои сочувствуваат со нивната перспектива и се однесуваат на нивните специфични потреби.

Во пракса, кога комуницирате со аналитички поединци, обезбедувајте докази засновани на податоци и користете прецизен јазик што се повикува на нивното логично размислување. Или кога презентирате пред финансиски директор, користете термини како „поврат на инвестицијата“, „ублажување на ризикот“ и „увиди водени од податоци“ за да го привлечете нивниот аналитички начин на размислување.

Моќта на зборовите оди подалеку од едноставни совети и трикови. Тоа лежи во способноста да предизвикувате емоции, да создавате врски и да изградите препознатлив личен бренд, без разлика дали го користите во интеракции лице-в-лице или онлајн.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.