Сања Митровска: „Имаме многу инвеститори, но немаме доволно старт-апи подготвени за инвестиција!“

Сања Митровска работела со повеќе од 100 старт-апи, некои почнале со една идеја, а завршиле со реализација на сосем друга. Други пак, успеале да се лансираат и да влезат во оние 10% што работат на глобален пазар. Низ работилници, настани за вмрежување, па сè до реално шоу, Сања успева да ја оствари својата цел, а тоа е - We help start-ups, start-up!

networker-1466-fi

Извор: Networker

Што го инспирираше Networker да се фокусира на градење на како што велите следната генерација бизниси кои го менуваат светот, и како го дефинирате „светот што го менува“ во денешниот контекст?

Me инспирираше визијата што ја имам за Македонија,  па и севкупно за Балканот. Имаме прекрасни и талентирани луѓе со навистина голем капацитет, интелект и вештини, но имаат и ментална бариера која не можеме да ја пробиеме, а тоа е  да се размислува глобално уште од самиот старт.

Што е старт-ап? Тоа е мал бизнис којшто во рокот 3 до 5 години може драстично да ескалира. Тоа значи, од фирма којашто имала тројца вработени, само основачите, одеднаш зборуваме за фирма што има 200-300 вработени, и тие се на правилен начин стекнати. Мислам дека токму старт-апите може да бидат двигател во една земја, земете го за пример Израел – кој што е само 4 пати по голем од Македонија, но имаат 300 unicorns – старт-апи кои во рок од 5 години, од нула, стигнале до вредност од 100 милијарди долари.

Сега замислете ние, како регион, да имаме, нешто што креира константна вредност, додадена вредност, а не само препродажба на труд, консултантство или аутсорсинг. Токму затоа го основав Networker, на основачите да им помогнеме да ја пробијат менталната бариера , и да го тргнеме јазот меѓу старт-апите и инвеститорите, на едните да им го покажеме потенцијалот, а другите да ги научиме дека за да добијат инвестиција не е доволно само да имаат идеја и визија. Затоа велиме, we help start-ups, start-up!

Што е потешко да се најде квалитетен старт-ап или инвеститор?

Се соочивме  со парадокс. Пред точно 5 години, кога го основав Networker, како финансиски советник на клиенти од правни и физички лица, менаџирајќи големи суми, дојдов до идеја да им понудам алтернативен начин на инвестирање покрај фондови, акции, обврзиници, депозити во банка. Целта ми беше да успеам барем  5 до 10% од средствата да ги префрлам, во старт-апи. И тоа очекував да биде мојот најголем предизвик, да ги убедам инвеститорите да ги префрлат тие пари, а бев сосем сигурна дека ќе најдам старт-апи. Се случи сосем спротивното. Имавме многу инвеститори, немавме доволно старт-апи. Старт-апите не беа спремни за инвестиција. Тоа не значи дека немаше добри идеи, туку немаше конкретна понуда. Сфативме дека на старт-апите првично  им треба подготовка за инвестиција.  Со Google Design Sprint методологија почнавме да правиме работилници и на тој начин успеавме старт-апите побргу да ги донесеме до инвестиција.

Пред неколку години го срушивте светскиот Гинисов рекорд во најдолга презентација т.е Longest pitch marathon. Зошто?

За да привлечеме што може повеќе претприемачи Со Longest pitching marathon го срушивме рекордот што го има поставено Ричард Бренсон. Што се случуваше на настанот? Презентација пред инвеститори, тоа значи стар-тапи се менуваат без престан, а судиите седат и слушаат 30 часа и 2 минути. Тоа не значи дека не одиш во тоалет. Има час и 20-ти на минути ги заработуваш во овој процес, но предизвикот е дека не можеш да ги потрошиш веднаш. Ако на некој од судиите му се слоши, ако се онесвести, пропаѓа рекордот. Самиот Гинисов рекорд бараше огромна логистика. Тоа е единствен рекорд со интелект срушен во нашата држава. Целта да го привлечеме вниманието на странските инвеститори кон нашиот регион,  да знаат дека и тука нешто се случува, дека има квалитетни старт-апи. Суштината беше што повеќе квалитетни луѓе да презентираат, а ние да ги избереме најдобрите пет коишто добија инвестиција по 25 000 евра.

По рушењето на рекордот, продолживте со одржување на Lognest Pitch Marathon, оваа година се одржа по трети пат, какво е искуството до сега?

Видовме дека е одлично место за вмрежување, оваа година имавме и регионални гости.

Оваа година не беше само open pitching, презентација пред сите, туку имавме апликација за 1 на 1, нешто како Тиндер, старт-апот го гледа профилот на инвеститорот, смета дека одговара во фазата во којашто сака да добие средства, доколку му одговара сумата којашто бизнис ангелот сака да ја вложи.  Потоа се гледа во кој временски слот инвеститорот е слободен и се закажува 10 минути, состанок 1 на 1 на кој се запознаваат инвеститорот и старт-апот.  Пристапот е персонализиран, поефективен и дава подобри резултати од само обична презентација пред сите. Што се однесува до инвеститорите, тие со својот тикет влез добиваат и финансиски совет од финансиски аналитичар којшто ни доаѓа од Америка, што управува инвестициски фондови. Ги советува како најдобро да ги поделат средствата што ги имаат за инвестирање, колку би бил очекуван приход и како се заработува од инвестирање во старт-апи.

Како ги советувате старт-апите во однос на градење стратегија?

Во рана фаза, никој не советувам да направи фирма воопшто. Јас велам, направете демо, пробајте да го продадете заднински тоа рачно, не мора да искодирате целата платформа или да го произведете на пример  столчето што сакате да го продадете. Најдете некој 3D или некој дизајнер којшто само ќе го стави на еден информативен веб-сајт, ќе ги претстави бенефитите од тоа столче и на крај, долу на линијата може да ставите во претпродажба, нарачај го ова столче и добиј го со 70% попуст. Или пријави се на нашата листа на чекање, ако сакаш да го добиеш столчето со 70% попуст. Така ќе мерите интерес и го валидирате продуктот. За ова не ви треба фирма. И не ги советувам да се основаат брзо.

Какви трендови предвидувате во иднина за инвестирање во македонски старт-апи, како од домашни така и од меѓународни фондови?

Со пандемијата сфативме дека веќе ништо не е сигурно, па веќе и ние почнавме да размислуваме како Американците дека секоја инвестиција носи ризик, и кога веќе ризикуваме ајде да го видиме приносот од тој ризик. Гледам дека трендот е земање на пресметан ризик. Се повеќе и повеќе луѓе кои си уживаат во професијата што ја работат, 20% од својот приход, го вложуваат некаде, а од тие 20 треба да оди во старт-апи. Мислам дека тоа навистина може им помогне на старт-апите на пораснат во рана фаза кога нема странски фонд да влезе, тука ќе им помогне на нашите луѓе да успеат  во рокот 5 години , 6 пати да ја зголемат вредноста на вложените пари. За вложени 1000 евра, за 6 години ќе направите 6000 евра. Тоа е драстичен раст што ниту една друга инвестиција не може да го постигне.

Во поглед на старт-апите, можеш ли да ми издвоиш неколку иновации кои ти оставиле впечаток?

Во Founder Games, имаме неколку физички продукти. Имаме Chia Dia којашто е природен пијалак, енергетски пијалак. Тоа е физички продукт којшто одлично се продава. Имаме кожа од комбуха, кожа којашто, не е еко кожа и може да се порасне. Имаме старт-ап којшто пренесува сончева светлина со пластичен кабел во оној дел каде што ни е темно. Сепак, повеќето се дигитални решенија поради скалабилноста на бизнисот, бидејќи многу поедноставно е да докажеш дека нештото е потребно и да го тестираш дали некој ќе го купува. Би сакала да има повеќе  физички продукти, ама немаме доволни истражувачки центри.

Како проценуваш добар старт-ап?

Она што најмногу ми дава доверба кога бираме старт-ап е претприемачот. Човекот којшто стои зад таа идеја. Јас во моментот кога ќе влезе основачот само 5% има шанси таа да е вистинската идеја. Најверојатно не е. Ако го нема тој капацитет да се приспособува и да учи и да прифати фидбек со кој веднаш му ја убивам идејата, тоа е одма за мене проблем. Главниот одлика на претприемач е да може да сослуша и да размисли, да праша Chat GPT што е тоа што конкуренцијата го нема, а нивните клиенти го бараат. Бидејќи ние не треба да измислиме топла вода. Треба на работи што веќе функционираат, да најдеме како да се користат подобро. Второ е да има founder fit. Да ја знае индустријата. Најдобрите иновации доаѓаат од луѓето коишто нештото го работат, кои се во индустријата. И трето е искуството што го има. Ако има зад себе еден пропаднат бизнис тоа влева доверба. Бидејќи поминал, видел дека не е ништо страшно. И секако да таргетира глобален пазар, пазар со голем потенцијал.

Страстен вљубеник во литературата и уметноста. Правник по диплома, новинар и маркетер по убедување, креатор на содржина и ПР ентузијаст од 9 до 5.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.